За десет години во Црна Гора има незначителна промена кога е во прашање степенот на дискриминација во општеството. Третина од црногорските граѓани не сака да живее во иста држава со ЛГБТ лица, додека речиси 43 отсто сметаат дека тие лица не треба да имаат исти права како и сите останати граѓани. Дискриминацијата е многу изразена и кон Ромите, но и кон лицата со инвалидитет и кон постарите лица – покажа пред неколку дена објавеното истражување на ЕУ и на Советот на Европа, под наслов „Модели и степен на дискриминација во Црна Гора за 2020 година“. За истражувањето, кое го спроведе НВО Центарот за демократија и за човекови права  зборува Милена Бешиќ, директорката на ЦЕДЕМ.