ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ОПКРУЖУВАЊЕ

“Опкружување” е еден вид антички плоштад на кој повторно и повторно му се враќаме, да разговараме и да се чуеме.

“Опкружување” е платформа отворена и достапна на сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички погед, понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Опкружување е заедничка иницијатива на Европскиот Фонд за Балкан и Европското движење во Србија.

Ние сме

одговорни

Ние сме

креативни

Ние сме

посветени

Да го споделиме оптимизмот: Ние веруваме во подобро опкружување.

Заедничка иницијатива на Европскиот Фонд за Балканот и Европското движење во Србија.

ЗВЕЗДАНА КОВАЧ
ЗВЕЗДАНА КОВАЧГенерална секретарка, Европско движење во Србија
Важноста на платформата „Опкружување“ ја гледам во можноста да се направи исчекор во демократските процеси зановани на меѓусебно поврзување и соработка. Значително поделениот медиумски и политички простор се пречка за земјите од регионот да можат побрзо да ги прифатат европските вредности и да станат дел од единствената европска заедница, што, иако можеби декларативно, е агенда на сите земји во соседството. Ниту една земја не може себеси да се смета за изолиран друштвен, економски, културни и политички простор, туку само во поширок контекст, како дел од една целина во која соседите се подржуваат и се поттикнуваат на развој. Оваа платформа е можност за отворен разговор со добри намери, за разговор во кој се препознаваат добрите пракси, но и се укажува на сите мани кои не одалечуваат од најблагородните човечки вредности. Ова може да биде омилено место за средба и добар пример дека иднината е во поврзувањето. Балканот не смее да остане симбол на судирите и вечната нестабилност, кои неретко му се припишуваат. Нема лесни решенија, а дијалогот е дел од секое решение. „Опкружување“ може да биде платформа која ѝ служи на оваа цел. `
АЛЕКСАНДРА ТОМАНИЋ
АЛЕКСАНДРА ТОМАНИЋИзвршен директор на Eвропскиот фонд за Балканот
Ток-шоуто за актуелни теми („Опкружување“) беше лансирано во 2012 година како уникатен ТВ-производ емитуван истовремено на дванаесет ТВ станици во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија. За прв пат по 20 години, овој ТВ-формат успеа да собере на едно место различни луѓе од регионот, кои беа во можност отворено да разговараат и да најдат заедничко разбирање за сличните проблеми присутни во сите земји на поранешна Југославија. Токму ова и беше идејата на Европскиот Фонд за Балкан и Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа – да им се овозможи на гледачите ширум Балканот да слушнат јасно и гласно во етерот дека ги делат истите проблеми, политички комплексности и културниот код.
По шест сезони на „Опкружување“, мисијата сè уште не е завршена, но визијата останува иста. Врз основа на веќе докажаниот концепт, ажурираната онлајн платформа на „Опкружување“ и новиот формат за размена на лични искуства, ставови и перспективи „Хроника на Опкружувањето“ ќе продолжат да служат како форум каде ќе може да се слушнат различните гласови.
Заедно со Звездана Ковач (Генерален секретар на Европското движење во Србија) како една од нашите партнери уште од самиот почеток на ова заедничка иницијатива со Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа, здружено дојдовме до идејата дека во време на Ковид – 19 мора да најдеме начин како да ја заживееме регионалната мрежа на луѓе кои можат да понудат поинаква перспектива за моменталната состојба на Западниот Балкан. Затоа, ние го нудиме многу потребниот простор за вкрстување на гледиштата и приказните на разните претставници од граѓанскиот сектор, јавните личности, новинари, експерти, активисти, креатори на политики, аналитичари и пред сѐ, сите граѓаните од целиот Балкан, кои сакаат да ги споделат своите мислења, да отворат дебата и разменат идеи за решение на заедничките, но и често контроверзни теми.
Сите сме соочени со големи промени, па затоа најдовме начин како да ги смениме и прилагодиме старите концепти, а тоа е и главната идеја зад оваа обновена форма на „Опкружување“.

Тука сме да ви помогнеме да го слушнете вашиот глас

Преку креативност, интегритет и нови идеи!