Во Котор веќе неколку години се одржува меѓународна триатлон трка, како дел од познатиот серијал натпреварувања познат под името Ocean Lava. Трките се одржуваат на атрактивни и посебни локации ширум светот и собираат стотици вљубеници во овој екстремен спорт.