Оваа видеоснимка ја направија активистките на World Wide Women: Џеси Шеху, Анџела Кунај, Клесара Бекири и Изабела Никлекај, со цел да ја подигнат свеста во јавноста за важноста на потпишување на петицијата за „Создавање на јавен регистар на сексуални престапи“. Целта на иницијативата е да се намали бројот на сексуални злоставувања и да се спречат повторувања. Во текот на три седмици, оваа петиција беше проширена во речиси сите градови во Албанија. Досега се собрани околу 16 илјади потписи од 20 илјади адреси на кои беше испратена петицијата.