За проблемите во интеркултуралната комуникација во Војводина дознаваме преку едно лично искуство во „Приказната на Алекса“, краток документарен филм на режисерот Брајан Брковиќ. Филмот е дел од проектот „Форум за интеркултуралност – Сите наши приказни“ на Центарот за интеркултурна комуникација од Нови Сад, кој се реализира со помош на Фондацијата за отворено општество.