Група млади уметници, претприемачи и ентузијасти од студиото Open box во Подгорица, својата работа во време на пандемија ја подредија на доброто на заедницата. Изработија неколку илјади визири и заштитни маски во нивната 3Д печатница, без надомест, помагајќи им на тој начин на докторите, на медицинскиот персонал и на сите на кои им беше неопходна помош. Видеото е дел од регионалниот проект „Хроника на опкружувањето“ кој го реализираат Европскиот фонд за Балкан и Европското движење во Србија.