Масовната имунизација против вирусот корона започна во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во првата фаза ќе бидат имунизирани граѓани од таканаречената критична група: вработени во полицијата, војската, пожарникари, просветни работници и новинари.