Марија Јовановиќ е една од координаторките во здружението „Спектра“ и зборува за кампањата „Само животот може да раскаже приказна“, организирана со цел да се одбележи Денот на сеќавање на трансродовите лица. Здружението посака да му оддаде почит на секое од 350-те убиени трансродови лица во 2020 година, како и на многуте трансродови лица чијашто смрт останува недокументирана.