Ервин Гоци е предавач на Факултетот за комуникации и новинарство во рамките на Универзитетот во Тирана, како и урбан активист кој поддржува бројни општествени цели во Албанија поттикнати од невладини организации, активисти и локални движења, а поврзани со проблеми како деградација на животната средина и гентрификација на градот. Во видеозаписот зборува за битката за заштита на зградата на Националниот театар во Тирана, која владата планира да ја сруши. Битката се води веќе две години, а Ервин активно учествува во протестите, истовремено критикувајќи го лошиот начин на управување со Тирана.