Дерво Сејдиќ, истакнат активист за правата на Ромите, во својата борба за поправедно избирачко право во БиХ се обрати и пред Судот за човекови права во Страсбург. Иако Апелациониот суд пресуди пред 11 години дека БиХ е должна да го усогласи својот Устав со Европската конвенција за заштита на човековите права, сепак, и понатаму, само членовите на „конститутивните народи“ имаат можност да се кандидираат за претседател на државата или за членови на Домот на народите во Парламентот на БиХ.