Во земјите на регионот се гушат критичките тонови, медиумскиот простор е стеснет и тешко освоив. Укинувањето на правата и на овој слободен и достапен медиумски простор е поразителен чин, кој нема да не обесхрабри.

Би сакале да Ве информираме дека твитер налогот на регионалната инцијатива Окружење/Опкружување/ Vicinities (www.okruzenje.net) е суспендиран на 18 мај оваа година. Ги искористивме сите расположиви можности за жалба, но за жал, налогот и до денес остана суспендиран. По двомесечната пауза на твитер, сите оние што до сега не следеа, а и сите останати, може повторно да не најдат таму под името Vicinities/Okruzenje (@Okruzenje_WB).

Без намере да се мешаме во деловната политика на Твитер и да ги анализираме критериумите што се користат за суспендирање на некој налог, во најмала рака би сакале да изразиме чудење што еден проект како Опкружување се најде на листата на непожелните, имајќи предвид дека преку шест сезони од истоимениот телевизиски серијал (емитуван на 13 канали во државите во бивша Југоославија и Албанија), а потоа и девет месеци на веб порталот, екипата на Опкружување работеше неуморно на реализацијата на идејата за помирување, негување на демократските принципи и сите темелни европски-универзални човечки вредности на просторот на сите поранешни југословенски републики.

Проектотот на Европскиот Фонд за Балкан и Европскиот покрет во Србија со години наназад е простор за критичко промислување и размена на аргументи и идеји, каде се почитува културата на дијалог и промовирањето на идејата за помирување и соработка на земјите и луѓето од таканаречениот Западен Балкан.

Налогот на Опкружување е суспендиран на денот кога ја објавивме темата за национализмот и неговото погубно влијание на процесот на помирување во регионот. Веруваме дека Твитер, во добра намера да го препознае и стопира ширењето на идеите кои се во целост спротивни на оние што ние ги промовираме, ненамерно направил грешка.

Европскиот Фонд за Балкакн и Европскиот покрет во Србија ги подржуваат и охрабруваат напорите за регулација на непрегледниот медиумски простор на социјалните медиуми и апелуваат да се најдат механизми за да се избегнат случаите во кои неправедно се санкционираат оние чиј професионален ангажман всушност има иста цел -регулација во онлајн медиумската сфера, спречување на говорот на омраза и лажните вести.  Симптоматично е дека заедно со неодамнешниот хакерски напад на нашиот вебсајт се случи и оваа суспензија на Твитер налогот и тоа токму во момент кога целата неделна тема беше посветена на отворената приказна за злото кое е резултат на разните видови на национализам.

Во земјите на регионот се гушат критичките тонови, медиумскиот простор е стеснет и тешко освоив. Укинувањето на правата и на овој слободен и достапен медиумски простор е поразителен чин, кој нема да не обесхрабри.

Ќе зборуваме и пишуваме и понатака за сето она што го загрозува достоинството и правото на нормален живот на сите граѓани од регионот без задршка и без задни мисли. Бројот на следбеници на Опкружување кој расте од ден на ден, а за што сведочат статистиките од нашиот вебсајт и бројот на луѓе кои не следат на социјалнјите мрежи, не обрзуваат да продолжиме во ист ритам отворено да зборуваме за сите релевантни теми, представени преку текстови напишани на сите локални јазици.