Би сакале да слушнеме – погрешивме, но тоа да не биде иронично. Да отвориме дијалог, но не да го фингираме. Да бидеме единствени по вредностите, но ставовите често да ни се разликуваат. Тоа го посакуваме за новата 2021 година, но најпрвин, секако, добро здравје и живот без какви било маски.

Звездана Ковач

2020 година ќе ја паметиме пред сѐ по различниот начин на живеење кој не го предизвикаа само бавните интеграции во ЕУ, падот на демократијата, непочитувањето на човечките права и неслободата (колку и на некому да му се чини дека, освен пандемијата, таа слобода никој не ни ја чепка). Тој поинаков начин на живот ни ја наметна пред сѐ пандемијата на КОВИД-19, која по многу признати речници во светот сигурно ќе биде збор на годината 2020.

Власта не нѝ помогна да, во новите и различни околности, кои по правило носат чувство на несигурност и тескоба, да ни биде полесно. Напротив. Таа ги засили нашите стравови и дополнително нѐ одалечи од сѐ што би ни го направило животот попристоен: не оддалечи од ЕУ, стабилната демократија, владеењето на правото, почитувањето на човечките права… Таа успеа овие важни цели да ги обезвредни и да ги сведе на его – на готово ништо. Успеа да не убеди дека ако изговориме некој критички став, тоа сигурно ќе не чини многу. Дека ќе влијае на она што е наједноставната дефиниција на нашата работа – да укажуваме на сѐ што не е добро и таму каде знаеме да предложиме како би можело. Нашата работа е таква што не гарантира удобност, која и без вонредните услови е несигурна и која поради својата “критичка” природа не сместува во категоријата “добро платени” или “платеници” на Брисел, Вашингтон, Луксембург…” да бидеме против по секоја цена.

Власта за тоа е најмногу виновна, затоа што власта, природно е најмногу одговорна. Обликува друштво кое поттикнува безусловно одобрување, а не љубопитност, промислување и критички став.

И поради тоа, а не само заради пандемијата, Србија не отвори ниту едно преговарачко поглавје оваа година, прогласена е за држава со хибриден режим, оценките во годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот кон ЕУ се лоши, аферите се множат и заташкуваат, цивилното друштво е на мета на Управата за контрола на перење на пари и финансирање тероризам, медиумите се неслободни, новинарите се прогонуваат… Ако власта направеше и по нешто добро и да не сме единствени на кои не ни оди добро, и ЕУ да е во криза и понекогаш да е недоследна и неправична и некои членки да не се многу подобри од нас во она за што најмногу ни се забележува, тоа не е ниту утеха, ниту причина помалку да не продолжиме да укажуваме на она што не е добро, затоа што она што не е добро – во голема мера не е добро.

 

Би сакале во 2021 некој од соседството, а не ние, да забележи дека сме најдобри во регионот, и дека сме по нешто подобри и од ЕУ. Би сакале да знаеме како дојдовме први или меѓу првите до она до што не успеале другите. Да слушнеме – погрешивме, но тоа да не биде иронично. Да отвориме дијалог, но не да го фингираме. Сами да кажеме – нашата власт направи вистински напредок во областа на владеењето на правото. Да дојде време кога ќе се фалиме повеќе и кога ќе бидат помалку важни пропустите, па и нема многу да ги спомнуваме. Исто така како што сега не го спомнуваме често и она што е добро, затоа што тоа е толку незначително во однос на она што би било доволно за да имаме причина за надеж. Да бидеме единствени по вредностите, но ставовите често да ни се разликуваат. Тоа го посакуваме за новата 2021 година, но најпрвин, секако, добро здравје и живот без какви било маски.