Да не се жените, не би имало амандмани на буџетот кои се однесуваат на родовото буџетирање, да нема жени, не би се разговарало за многу важни теми, а гласот на некои маргинализирани групи и малцинства би останал нем.

Маја Седларевиќ

 Точно е дека, колку повеќе жени има во политиката, толку таа повеќе се менува. Поради тоа што жените се почувствителни на одредени теми од мажите, поради тоа што се занимаваат со теми за кои мажите не се заинтересирани (или се помалку заинтересирани), затоа што имаме поинаква перспектива и поглед на нештата. Кога непознати ме прашуваат со што се занимавам, и кога ќе им одговорам дека се занимавам со политика, забележувам дека сите некако се штрецнуваат. Како работењето во политика да не е занимање како секое друго. Е сега, постојат основани причини за такви реакции и јас ги разбиран, но навистина се трудам да дадам сѐ од себе за да покажам дека може и поинаку.

Кога во почетокот на двеилјадитите се пријавував на некаква едукација од областа на знаења и вештини во политиката, едно од прашањата беше – зошто сакаш да се занимаваш со политика. Одговорив дека политиката е мојот начин да го менувам светот околу себе. Оттогаш минаа многу години, светот не се промени многу (или во некои сегменти се промени на полошо), но јас и понатаму утопистички верувам дека политиката не е грд збор, грда професија, погрешен начин да се менува светот на подобро. Искуството кое го имам зад себе ме научи дека е важно да се истрае, дека успехот не е загарантиран, но дека е возможен, и дека никогаш не треба да се откажуваш од она во што веруваш.

Да се биде жена во политиката е комплицирано од повеќе аспекти и бара огромен труд и работа. За жената да добие можност да биде на позиција на моќ и одлучување, барем така покажува моето искуство, мора да има совршена биографија, да биде во сѐ повеќекратно поактивна и поангажирана, да биде подготвена дека политичката кариера може кратко да трае и да заврши во само еден момент, но и дека секогаш и секаде, за разлика од колегите мажи, ќе одговара на прашањето – а како ги ускладувате своите обврски со семејниот и приватниот живот. Тоа претставува отворена дискриминација, но и јасен показател дека ова сѐ уште e исклучително патријархално општество кое жената барем на некој начин ја сместува и вбројува во сферата на куќата, домот и приватното.

Искуството, исто така, покажува дека онаму каде што има позиции на моќ и одлучување, нема жени доколку не постои мерка за афирмативна акција со цел да се поттикне нивното учество. Најдобар доказ за ова е фактот дека жените беа недоволно застапени во сите парламенти и на сите нивоа на власт во Република Србија додека не беше воведена квота како мерка за афирмативна акција. Од друга страна, важно е да се каже и тоа дека раководствата на партиите можат да манипулираат со предложените изборни листи и со редоследот на кандидатки (и кандидати), па поради тоа е многу важно да се води сметка организацијата на жени во рамките на партијата или жените во највисоките партиски органи да се погрижат и да се изборат да се слушне женскиот глас и жените кои работеле активно да бидат високо позиционирани на изборните листи. Најдобро би било сето ова да биде и формално пропишано, односно организацијата на жени да има можност да предлага активни членки и слично.

Зошто е важно да има што повеќе жени во политиката? Точно е дека, колку повеќе жени има во политиката, толку таа повеќе се менува. Поради тоа што жените се почувствителни на одредени теми од мажите, поради тоа што се занимаваат со теми за кои мажите не се заинтересирани (или се помалку заинтересирани), затоа што имаме поинаква перспектива и поглед на нештата. Да не се жените, не би имало амандмани на буџетот кои се однесуваат на родовото буџетирање, да нема жени, не би се разговарало за многу важни теми, а гласот на некои маргинализирани групи и малцинства би останал нем. Колку и да е тешко, комплицирано, колку и да сте малцинство, важно е да издржите. Една стара јапонска поговорка вели, а многу често и себеси се потсетувам на неа: Седум пати ќе паднеш и осмиот пат ќе станеш. Така е и во политиката.

 

Маја Седларевиќ, политичарка, социјалдемократка, феминистка