Информираноста и свесноста за проблемите со загадувањето на воздухот можат да ги мотивираат граѓаните да станат дел од обединетата битка за чист воздух во нивната улица, соседство, село и град во рамките на Западен Балкан.

Кледиса Чела

Институтот за животна средина и за територијално управување (ЕТМИ) е непрофитна организација формирана во март 2014 година. ЕТМИ соработува со експерти од областа на животната средина, територијата и други поврзани области со цел да го промовира управувањето со територијата и со животната средина на регионално, национално и на меѓународно ниво во согласност со современите стандарди за одржлив развој.

Целите на Институтот за животна средина и територијално управување се одржлив развој, еколошка правда, територијално управување, транспарентност и демократско учество.

ЕТМИ промовира чистота, здравје и стабилност на животната средина.

Главните стратегии на организацијата за постигнување на нејзините цели и за исполнување на нејзината мисија се:

  • Спроведување на истражување во областа на животната средина и територијалното управување и развојни студии во овие области;
  • Промовирање на одржлив развој преку учество на јавноста;
  • Развивање и спроведување на еколошки и територијални политики;
  • Промовирање на активностите во Албанија и во странство што имаат за цел да ги препознаат и имплементираат меѓународните норми и стандарди во областа на животната средина и територијалниот одржлив развој;
  • Јавна свест за еколошки прашања преку едукативни програми;
  • Вклучување и охрабрување на младите да учествуваат во областа на животната средина и други различни национални и меѓународни програми;

ЕТМИ е многу активна организација и некои од главните проекти што ги спроведе во поново време беа:

„Проект за агро-претприемништво за млади“, поддржан од Европската унија и од програмата Еразмус+

„За чиста животна средина и свесна заедница во Општина Либражд“, поддржан од УНДП.

„Евалуација на капацитетот на локалната самоуправа за адаптација кон климатските промени“, поддржан од Ко план.

„Чист воздух за одржлив град“, поддржан од УНДП.

„Кружна економија во уметноста преку еко-дизајн“, поддржан од Европската унија и од програмата Еразмус+

Неодамна, ЕТМИ се приклучи на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“, иницирана од Европскиот фонд за Балканот во соработка со други партнерски организации од Западен Балкан.

Проблемите предизвикани од загадувањето на воздухот, високото ниво на предвремена смртност и потребата за живот во средина со чист воздух, беа само некои од причините зошто ЕТМИ одлучи да стане дел од оваа регионална иницијатива.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ има само една цел, онаа за информирање на граѓаните од Западен Балкан за причините и последиците од загадувањето на воздухот и за можните решенија што можат да го подобрат квалитетот на воздухот. Информираноста и свесноста за проблемите со загадувањето на воздухот можат да ги мотивираат граѓаните да станат дел од обединетата битка за чист воздух во нивната улица, соседство, село и град во рамките на Западен Балкан.

Преку оваа регионална кампања, ЕТМИ верува дека граѓаните на Западен Балкан имаат доволно потенцијал, знаење и капацитет да работат заедно и да се солидаризираат едни со други за изнаоѓање решение за проблемот со загадувањето на воздухот.

 

Кледиса Чела, дипломиран инженер за заштита на животната средина во рамките на Градежниот факултет; од мастер студиите е дел од организацијата ЕТМИ, која ја поддржува во координацијата на проекти чија цел е зајакнување на младите во проектите за одржив развој.