Одолговлекувањето на целиот процес, покрај дискусијата за правното и политичкото корито низ кое помина, сигурно ја поткопа главната цел за која беше преземен; враќање на довербата на јавноста во правдата.

 Зилифтар Брегу

Во јули 2016 година, албанскиот парламент едногласно со 140 гласа изгласа започнување на реформите во правосудството. Реформата предвидуваше премин кон процес на „ветинг“ (процес на реевалуација) на сите судии, нивните помошници и обвинители, реформатирање на системот од почеток, со цел да се врати довербата на јавноста во правосудниот систем.

Пет години подоцна, 460 обвинители, судии и нивни помошници досега биле подложени на проверка. Само 183 од нив, или помалку од 40 отсто, се потврдени на функцијата. Останатите 277, или околу 60 отсто, не го поминаа испитот, и на крајот го напуштија правосудниот систем. Фактот дека процесот започна од врвот на пирамидата на правдата, многу контроверзна одлука, ги произведе овие несакани ефекти; Уставниот суд има само 7 од 9 членови. Процесот за нивно избирање исто така беше дискутабилен, со што се нарушува интегритетот на највисокиот суд во Албанија. Врховниот суд има само 9 члена (од 22) и нема претседател, функционира со потпретседател. Од овој суд велат дека 36 илјади досиеја (предмети) се на листа на чекање за судење. Некои од овие досиеја сигурно ќе бидат судени толку доцна што правдата ќе биде непотребна.

Апелационите судови кои го претставуваат вториот степен на судење колабираа поради малиот број на преостанати судии. Специјалното обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција на високо политичко и административно ниво (СПАК) започна со работа 3 години по донесувањето на законот. И тоа започна со осум обвинители од минималните десет предвидени со уставот. Дури годинава беше комплетирана структурата на ова обвинителство, исполнувајќи го бројот 14, со одлука од Високиот обвинителен совет. Но, извршниот орган на ова обвинителство, Националното биро за истраги сѐ уште не почнало со работа. Првите избрани ги добиваат последните обуки, а сѐ уште сме далеку од исполнување на структурата на НБИ со 61 експерт.

Сликата станува помрачна ако се потсетиме дека 460-те обвинители и судии кои беа подложени на проверка сочинуваат околу половина од членовите на правосудниот систем во земјава. Завршувањето на процесот ќе потрае уште пет години и покрај тоа што мандатот на комисиите кои вршат евалуација завршува на пролет 2022 година. Уставот предвидува дека, во случај да не заврши ветингот, Високиот судски совет става вето на судиите, а Високиот обвинителски совет става вето на обвинителите. Се чини дека владејачкото социјалистичко мнозинство, партијата што го предложи ветингот, не верува многу во овие две структури (ВСС и ВОС), бидејќи бараше консензус од опозицијата за промена на Уставот со цел да се продолжи мандатот на специјалните структури кои вршат проверка.

Одолговлекувањето на целиот процес, покрај дискусијата за правното и политичкото корито низ кое помина, сигурно ја поткопа главната цел за која беше преземен; враќање на довербата на јавноста во правдата. Во времето кога беше усвоена Реформата во правосудството, во 2016 година, истражувањето спроведено од ИДРА покажа дека 91% од испитаниците или ја поддржале „целосно“ (64%) или „до одреден степен“ (27%) потребата од таква реформа.

По пет години се чини дека и онаа последната што умира е веќе мртва – надежта. Анкетата спроведена од Euronews Albania пред две недели покажува дека секое четврто лице (25,1%) смета дека реформата поминала лошо, а секој десетти (11%) смета дека поминала многу лошо. Речиси ниту еден Албанец од 100 не смета дека поминало многу добро (0,8%) и помалку од четвртина (24%) сметаат дека поминало добро.

 

Зилифтар Брегу е професор на Катедрата за новинарство на Универзитетот во Тирана