Иако често звучи како клише, само младоста и нејзината инклузивност може да го придвижи тркалото на историјата, може да ја однесе Албанија во Европа, а во исто време да ја донесе Европа во Албанија.

Едона Хаклај

„Ја сакаме Албанија како цела Европа“…

Ова е можеби најслушаната фраза во последните 30 години, во земја како Албанија, каде на Европа со децении се гледа како на сон, понекогаш блиску, понекогаш далеку.

Во протести и собири, во разговори во кафулиња или важни дискусии, горенаведениот израз продолжува да биде присутен. Присутен, често како придружна парола, често како гордост или достигнување дека се приближуваме кон Европа, а неретко и како дилема, дали сме подготвени да пристапиме или да се приклучиме на европскиот терен.

Доволно е да ги прашате младите денеска за значењето што Европа го има за нив, поточно патувањето кон европската интеграција. Одговорот нема да биде ист во ниту еден случај, па дури и може да добиете молк.

Меѓутоа, во овие засебни табори на одговори и мисли лесно можете да ја забележите нивната внатрешна желба и надежта дека еден ден ќе стигнат до целта на тоа патување, патувањето што нивните родители го започнале пред неколку децении и сега ја предаваат штафетата на следната генерација, на младите.

Впрочем, меѓу обврските што генерациите си ги префрлаат една на друга, има и песимизам и разочарување. Не недостигаат ниту дилеми, ниту скептицизам. Скептични се дали нивната земја ќе успее, скептични дали ќе се постигне демократија или нејзин пад, скептични дали ќе има долгоочекувано финале на европското патување.

На крстопатот на овие дилеми се наоѓаат истите тие млади луѓе кои не можат да ја избегнат реалноста на земјата во која живеат и кои ги вртат погледите кон Европа, честопати за да најдат решение, а во други случаи тоа да го гледаат како избор. Тоа се истите млади луѓе кои сакаат да се ангажираат внатре или надвор од државата, како форма на интеракција, со цел да му дадат живот на развојот на својата земја.

Токму овие млади луѓе се обидуваат да го донесат искуството стекнато од европските земји и институции во Албанија, како ракување за демократизација на земјата.

Тоа се истите млади луѓе кои веќе не се задоволуваат само со зборови, туку сакаат дела. Тоа се млади луѓе кои повеќе не се задоволуваат со ветувања, туку сакаат акција. Тие се млади, кои имаат иста цел, без разлика на посветеноста или не:

Европска Албанија, демократска и правна држава, општество во кое можете да живеете и да работите, каде придонесот на професионалците е клучен чекор во патувањето на европскиот воз.

Можеби дестинацијата не е блиску, можеби може да дојде побрзо отколку што мислите.

Само едно е сигурно: нема млад човек кој не сака интеграција во Европската Унија.

Иако често звучи како клише, само младоста и нејзината инклузивност може да го придвижи тркалото на историјата, може да ја однесе Албанија во Европа, а во исто време да ја донесе Европа во Албанија.

Политичките или историските контексти што го следат развојот на една земја не можат, а да не влијаат на верувањата што ги формираат луѓето, но како што рекол Черчил: „Оној што е оптимист ја гледа можноста токму во тешки времиња“.

 

Едона Хаклај е младински амбасадор за Западен Балкан, програма на ЕУ