За време на пандемијата, сѐ во земјата отиде „онлајн“, но за Ромите, кои работат со трговија и рециклирање, немаше можност да работат од дома.

 Бредјон Џавара

„Уште од првиот ден, кога се појави веста дека сè треба да се затвори, за да бидеме изолирани, моето семејство и јас седевме изолирани во надеж дека следниот ден повторно ќе работиме. Ромските семејства не можат да обезбедат храна за своите семејства, бидејќи минуваат многу денови во изолација. Јас ќе се снајдам со резервите на храна што ги имам, но другите секојдневно се надеваат дека некој ќе помогне.“ Илирјани, татко на 3 деца, е роден во Тирана, и со години, заедно со неговото семејство, продава половна облека на ромскиот пазар во едно од предградијата на Тирана. Заедно со Илир, има уште 53 ромски семејства што работат на овој пазар. Но, со појавата на Ковид-19 и мерките што ги презеде владата, овие семејства се соочија со потешкотии да заработат за живот.

Пандемијата Ковид-19 предизвика и продлабочи влошување на економската состојба за ромските семејства кои не можеа да се справат со изолацијата. Во некои случаи, претставници на оваа заедница протестираа во неколку градови на Албанија.

Барем, во поголемите општини во земјата, на ромските семејства им беше помогнато еднократно со пакети со храна и средства за хигиена, но тоа не беше доволно за да се справат со пандемијата. Ервис Кота, водач на организацијата „Египетско и ромско младинско движење“ објасни дека, во Елбасани, повеќе од 1000 ромски и египетски семејства се соочуваат со економски потешкотии. „Ромите се занимаваат со собирање отпад што може да се рециклира. Зборувајќи со некои од нив, ми беше кажано дека за време на пандемијата не може да се најде ни трошка леб во нивните домови, старите лица (родители и баби и дедовци) се болни и немаат лекови за лекување.“

Заради неформалноста на нивните активности, овие семејства немаа корист ниту од двата економски пакети понудени од владата за економско закрепнување на земјата; но, три месеци по избувнувањето на пандемијата (март-мај), по протестот од ромската заедница, владата одобри двојно зголемување на економската помош, која опфати околу 60,000 ромски семејства низ цела Албанија.

За време на пандемијата, сѐ во земјата отиде „онлајн“, но за Ромите, кои работат со трговија и рециклирање, немаше можност да работат од дома.

Илирјани вели дека, за време на пандемијата, не работел ниту еден ден. „Пакетот со храна не трае повеќе од 2 дена. Благодарни сме на општината за она што го прават, но треба да јадеме секој ден. Оваа ситуација веќе не можеме да си ја дозволиме. Повеќе не одиме на работа, бидејќи полицијата го затвори пазарот, другите кои работеа со рециклирање отпад повеќе не одат на работа затоа што не е дозволено да се оди од едно на друго место, а стравот од ширење на вирусот е голем“, вели Илирјан Јашари.

Санија, која ги издржува и одгледува трите деца на нејзиниот внук, живее во колиба, во Изебериште. Веќе 10 години таа шета и собира отпад што може да се рециклира за да обезбеди храна за децата. „Повеќе не можам да ги хранам децата; мене како самохрана жена ми е многу тешко да преживеам во овие услови. Побарав помош во различни организации и тие се единствените што ми помагаа околу храната, вели Саније Шаќири.

Веќе поминаа повеќе од две години од почетокот на пандемијата, значителен број луѓе се веќе вакцинирани, но за ромското малцинство, кое во многу стратешки документи од владата и меѓународните институции се смета за ранлива група, кампањата за вакцинација сè уште не е започната, а состојбата со економското закрепнување на ова малцинство е уште потешка, бидејќи денеска се соочуваат со условите за „формализирација“ и „неформализација“.

 

Бредјон Џавара дипломирал новинарство на Универзитетот во Тирана. Тој е новинар во областа на социјалното работење и веќе 4 години е активист за ромската и египетската заедница во Албанија.