Тоа едноставно не се теми за кои се пишува , дебатира, полемизира или било што корисно во насока на обезбедување на подобра иднина на општеството и индивидуата.

 Борјан Јовановски

 Ако во Македонија прашате некој најљубезно што се случува во државата на тема – паметна специјализација- сериозно ризикувате одговор – кому бе ти мајка…- Буквално вака стојат работите во оваа држава на планот на темата -паметна специјализација- како со било која друга специјализација или било какво образование. Тоа едноставно не се теми за кои се пишува , дебатира, полемизира или било што корисно во насока на обезбедување на подобра иднина на општеството и индивидуата. Тоа што општеството се препознава како медиски најнеписмено во Европа или тоа што е редовно на дното на Писа рангирањата а универизитетите речиси и да се губат од Шангајската листа …сето тоа нема врска со нас.

Македонија е длабоко потоната во сопствената историја гљурејќи во тој океан во потрага по сопствениот иденитет. Во деведеститет години Македонците се плашеа од Албанците дека ќе бидат…..не знам веќе што. Во почетокот на милениумот во кавга со Грците заглавивме во антиката учејќи ги за секој од потесното семсјно окружување на Александар Македонски. Потрошивме милијарда евра за да се посрамиме пред целиот свет менувајќи си го сопствениот личен изглед и создавајќи го најголемиот кич простор во поновата историја на Европа. Сега е на  ред Бугарија , бугаризацијата, одбраната на македонскиот јазик, иако тој е неспорен факт во секој лингвистички атлас на светот. Во меѓувреме заборавивме на оние луѓе кои ја создадоа современата македонска држава по Втората војна. Денеска ретко кој млад човек знае за Стале Попов, автор на првиот роман на македонски литературен јазик или Владо Малевски, авторот на тесктот на македоснката химна или ред други дејци кој ја задолжиле Македонија со делата кои ги оставиле зад себе. Македонија едноставно е загубена во сопствената интроспекција произведувајќи бесконечен низ на кризи на идентитетот.

Оние кои се интересираат за вистинско образовение и надоградба воопшто како опција веќе ги немаат образовните и академснки институции во Македонија. Тие почнуваат да не постојат. Се поголем дел од младите своето образовение го бараат во Словенија, држава која како магнет ги собира сите млади потецијали од Македонија нудејќи им целосно бесплатно образование.

Да се вратам на темата. Ги завртев сите македонски институции во обид да добијам одговор на прашањето што се случува на темата Паметна специјализација во Македонија. Во ниту една институција не добив никаков одговор. Единствени кои нешто знаеа беа во Делегацијата на ЕУ кои многу кусо ми одговорија дека на таа тема обврска превземале министерствата за образовение и економија да изготват стратегија што ќе рече дека во Македонија таа тема нема да се актуелизира ниту во наредната деценија.

 

Борјан Јовановски, долгогодишен дописник од Брисел и автор на поголем број ТВ програми посветени на европските интеграциски процеси