Лажни вести,  клевети, уцени, застапување на олихархиски и партиски  интереси се главната карактеристика на македонскиот медиски пејсаж.

Борјан Јовановски

По децениската системска и институционална операција за девастација на медиумските слободи спроведена од режимот на поранешниот премиер Никола Груевски кој е сега во бегство, Македонија во 2016 од ЕУ година беше оценете како “заробена држава” (state capture). Шест години по падот на овој авторитарен режим оваа земја се уште не успева да ги нормализира состојбите кои би требало да овозможат работа и функционирање на слободни медиуми. Лажни вести,  клевети, уцени, застапување на олихархиски и партиски  интереси се главната карактеристика на македонскиот медиски пејсаж. Дополнително поразителен е и податокот на повеќе европски рангирања за медиска писменост на кои Северна Македонија е упорно на последно место.

За ваквите состојби во слободата на медиумите потврда дојде и од извештајот на Фридом хаус за 2022 година

“Медиумскиот пејзаж е длабоко поларизиран по политички линии, а приватните медиуми често се врзани за политички или деловни интереси кои влијаат на нивната содржина” се вели во заклучокот на овој извештај. Фридом хаус посевеб акцент става на заканите и физичките напади врз новинари кои бележат значаен пораст.

“Извештајот на Здружението на новинари на Македонија од јуни 2021 година броел 14 закани и физички напади врз новинари во 2020 година, додека само 4 такви инциденти биле забележани во 2019 година. Повеќе од половина од целите биле новинарки” се вели во изваштајот на Фридом хаус.

Во врска со наодите на Фридом хаус, претседателот на Здружението на новинарите , Младен Чадиковски во изјава за “Опкружување” истакнува дека “неказнивоста сѐ уште е голем проблем во земјава, особено загрижува говорот на омраза и етикетирањето новинари и медиумски работници од страна на политичари и други носители на јавни функции. Овој загрижувачки тренд го потврдува и извештајот на ФридомХаус каде земјава е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави” вели Чадиковски.

Надеж за некаква перспектива за надминување на овој конкретен проблем е новото законски решение. “Преку продолжување на надлежноста на обвинителството и преку зголемување на казните за делата присилба односно загрозување на сигурноста на медиумските работници се воспоставува нов системски механизам за заштита на правата на новинарите” изјави Чадиковски. Во оваа смисла позитивно изненади пресудата на Кривичниот суд против сопственикот на таблодиниот портал, парадоксално самонаречен “Доказ” кој со години наназад ширеше лажни вести и клевети за сите “непријатели” на неговите наредбодавци. Тој е сега осуден на три години затвор. Две од жртвите на овој инкриминиран портал се новинарки. Ирена Мулачка истражувачки новинар во неделникот Фокус за “Опкружување” вели “ Текстовите против мене и моето семејство започнаа кога истражував за имотот за градоначалничката Данела Арсовска” Ни изјави Мулачка посочувајќи ја Арсовска како можен извор на овие закани. “Верувам дека пресудата ќе ги опамети оние кои преку рекет сакаат да го уништаат и она малку што остана во новинарството” ни рече Мулача по објавувањето на пресудата.  Втората новинарка жртва на овој таблоид е Валентина Вурмо исто од неделникот Фокус. Таа ни изјави  дека текстовите во „Доказ“ за неа следувале откако пишувала за случајот „Империја“ инаку поврзан со контровернзиот бизнисмен Орце Камчев. Актуелната градоначалничка беше независен кандидат подржан од оопзициската ВМРО ДПМНЕ а Орце Камчев на јавноста и е позната како миленик на режимот на Груевски.

Еден од проблемите за оваа (не) култура е и пасивноста на политичките партии во однос на нивните залагања за подобрување на состојбите и особено фактот што опозициската ВМРО ДПМНЕ за време на чие владеење се случи најголемиот удар врз медикусите слободи се уште не изградила критички став кон ова нивно делување во минатото од позиција на власт.

Јавноста сега го очекува исходот и од истрагата која ја води обвинителството за тоа кои биле нарачатели на уценувачките содржини на порталот “Доказ” по што би се стигнало и до изворот на оваа малигна рана на македонското општество.

 

Борјан Јовановски, реномиран новинар со повеќедецениско работно искуство во медиумскиот простор