За жал ако се погледне реалноста во неа ќе пронајдете малку од тие толку посакувани вредности и многу повеќе од она што преставува нивни атнтипод.

Борјан Јовановски

Фразата “европски вредности” е една од најупотребуваните во јавните настапи на речиси сите политичари но во сите колоквијални ситуации кога станува збор за перспективите на Македонија како во европските интеграциски процеси. За жал ако се погледне реалноста во неа ќе пронајдете малку од тие толку посакувани вредности и многу повеќе од она што преставува нивни атнтипод.

Македонија како мултиетничко општество во својата историска супстанца има голем квалитет во контекстот на европските вредности кои се дефинираат во времето на просветителството и понатаму во повоена Европа со почетокот на европските интеграциски процеси. Мулукултурализмот и толеранцијата меѓу различните народи и вери кои со векови коегзистираат на ова тло е препознаена во многу историски документи. Првиот Устав на македонското граѓанско движење од 1880 година на пример Македонија ја дефинира како мултикултурно општество а поделбата на власта ја организира во соодветни пропорции со гласно застапеноста на одреден народ и вера. Со текот на времето и особено кон средината на 80 тите години од минатиот век со успонот  на Слободан Милошевиќ и неговиот национализам доаѓа до радикална деградација на оваа богата проевропска вредност во Македонија. Тие се целосно поразени во почетокот на 90 тите и појавата на новиот национал романтизам на Балканот за да до денес веќе имаме генерации на  Македонци и Албанци меѓу кои владее постојана омраза. Употребата на пежоративниот израз “шиптар” често ќе ја слушнете од устите на многумина етнички Македонци  кои се обидуваат да ја задржат наследената привилегија од времето на  Милошевиќ кога Албанците го добија статусот на граѓани од втор ред.

Во 2001 година беше потпишан Рамковниот договор кој спречи граѓанска војна и крвопролевање меѓу Македонците и Албанците кој се случи како резултат на судирот на две спротивставени национал роматичарски концепции . Рамковниот договор основата ја најде во тој прв Устав на Македонската лига од 1880, изјави во една прилика еден од авторите на текстот на Договорот, историчарот Владо Поповски. Но и покрај инспирацијата која влече длабоки корени во историјата на традицијата на народите кои живеат тука, Рамковниот договор денеска се третира ид големо мнозинство како нешто што и е на сила наметнато на Македонија од меѓународните фактори. Па така оваа голема европска вредност какви што се млтикултурализмот и толеранцијата на Македонија денеска живеат во темни ќошиња на општеството. Образовниот систем никогаш немаше храброст да му се спротивстави  на агресивниот национализам и стереотипите и предрасудите кои тој ги донесе. Образовнието е лишено од било какви елементи на критичко размислување кое како концепт исто така му припаѓа на сетот вредности кои теоријата денска ги препознава како европски.

Слично очајна е и состојбата со хуманизмот кој е еден од фундаментите на европската цивилизација.  Солидарноста, емпатијата, човековите права се обични флоскули ако ја подгледнете неодамнешната случка  од април кога млада мигрантка од Африка беше убиена од полицаец. Освен на социјалните мрежи речиси да не прочитавме или слушнавме информација за овој трагичен настан ниту пак се забележа трага од било каков медиумски интерес.  До ден денска нема официјален став за тоа како дојде до ова убиство ниту пак притисок од јавноста до надлежните органи тоа да се случи. Африканката е некоја туѓинка која ова општество очигледно воопшто и не е способно да ја препознаа како жртва.

За жал непрепознавање на високите цивилизациски вредности и отуѓеноста од нив го прави ова општество жртва на самото себе одвлекувајќи го во длабочината во која се губи светлоста.

 

Борјан Јовановски, долгогодишен дописник од Брисел и автор на поголем број ТВ програми посветени на европските интеграциски процеси