Здравата храна не е мит, тоа е начин на живот, не е одрекување туку искоренување на некои навики кои со генерации се пренесувале.

 д-р Јана Клопчевска

Храна е било која супстанца која човекот или животните ја јадат или пијат, или растенијата ја апсорбираат, со цел одржување на животот и развојот. Нејзината функција е градбена (раст, развој, регенерација), енергетска (базален метаболизиам, енергија за раст, терморегулација), ензимско-биохемиска (формирање и работа на ензимските системи), имуно-одбранбена, социјална (психолошки статус, работна продуктивност), како и патолошка (малнутриции-намален внес на храна, интоксикации-труење).

Вообичаено вака започнуваме тема на разговор меѓу мене и моите студенти. Најмалку еднаш годишно дискутираме, се консултираме, правиме таблици за исхрана, ги анализираме сите видови производи и решаваме проблеми околу исхраната на одредени целни групи. Правадањата не се сувопарни, бидејќи го споделувам со нив целото мое знаење и се интерактивни. Од 200 студенти на возраст од 20 години, 1/3 имаат интерес и претходни предзнаења за храна и исхрана. Веројано, ова се должи на слабата навика да се дискутира на оваа тема во најважната клетка од живеењето – семејството. Брзиот начин на живот и социо-културолошките навики во Македонија ни ја диктираат исхраната. Тие се хранат брзо, внесуваат високи калорични на пијалаци, а притоа повеќето се посветени на физичка активност. Младата популација е склона кон разни диети, што е поразителен податок за тоа како живееме. Последниве години се подига свеста, се вежба, се чита многу за исрахата и се избегнува слатка храна.

Здрава храна не се само витамини и минерали, органската храна или слично. Дали воопшто во Македонија се знае за ова е голем знак прашалник. Свеста се подига од возраст 1 или 2 години па понатаму, не на 20 години кога навиките се веќе оформени. Секогаш има и одвикнување, но не сум за слепо следење на интернет и инфлуенсери кои диктираат одредени режими на исхрана со интересни имиња.

Здравата храна не е мит, тоа е начин на живот, не е одрекување туку искоренување на некои навики кои со генерации се пренесувале. Да се храниме автохтоно е сосема во ред, но задолжително е да се внимава на прехранбените продукти и да се чита нивниот состав. Постои тренд на долг режим на термичка обработка, а ни се потребни витамини. Не свежа но бланширана храна е најдобро. Да не се ослонуваме само на социјаните медиуми и разно разни нарачки на режими кои имаат висока цена на чинење. Тие не треба бидат пример. Факт е дека непознати веб нутриционисти има многу, а она што е здраво е Хербајалф, нели?

Професионално многу мал број на стручни лица вистински ја познаваат храната, а има се поголем голем број на ресторани каде може од термички нетретирана риба може да добиеме “уртикариа”. Во Македонија е препорачливо да се јаде речна или езерска риба, не туна од Аљаска.

Храната не е мода, не секогаш мора слепо да веруваме на маркетингот како позадина на производот, а проиводителите мора да се сигурни дека производот е безбеден. Извозот на храна е она по што сме и познати во регионот.

Не секој во Македонија се храни исто, но генерално неможе да си дозволат скапи ресторани и скапи здрави производи. Ова е тема на која мораме добро сите да размислиме на кого му веруваме. Би рекла верувајте си сами себе и читајте го анаболизмот и катаболизмот или едноставно слушајте што Ви кажува телото. Така најдобро ќе знаеме како да се храниме, а ние како земја мораме уште многу да работиме на тоа да оспособиме лица кои ќе не насочат на темата што е здрава храна и исхрана.

 

д-р Јана Клопчевска, доцент и продекан за настава на Технолошко-металуршки факултет, УКИМ, Скопје