Забележувајќи дека воздухот сѐ повеќе се загадува со секој нареден ден во целиот регион, а во исто време меѓу луѓето се нормализира категоризацијата на балканските места како најзагадени места во светот, сметавме дека е разумно да се обидеме да интервенираме повеќе на ова поле и да станеме дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

Рони Идризај

Мисијата на Сбункер е зајакнување и унапредување на демократските и либерални вредности на Косово со влијание врз јавната сфера преку нови медиумски содржини и програми за критичко размислување на младите.

Сбункер е основана како невладина организација во јануари 2016 година, а нејзин главен производ е мрежниот блог www.sbunker.net. Како медиумски пионер во Косово, досега сме обезбедиле повеќе од 600 локални и меѓународни автори во рамките на различни содржини и категории, од кратки коментари до подолги есеи, со повеќе од 3500 објавени статии.

Од 2016 година, Сбункер исто така работи на основно ниво со млади од Косово преку програмата за критичко размислување и граѓански активизам, truAktiv, и досега сме работеле со преку 3000 млади луѓе од целото Косово.

Од самиот почеток, Сбункер го третира прашањето околу квалитетот на воздухот како основно човеково право. На Косово ова го правиме преку разни написи и објави на кратки извештаи за политиките во рамките на блогот, како и преку дискусии и активности во рамките на програмата truAktiv.

Забележувајќи дека воздухот сѐ повеќе се загадува со секој нареден ден во целиот регион, а во исто време меѓу луѓето се нормализира категоризацијата на балканските места како најзагадени места во светот, сметавме дека е разумно да се обидеме да интервенираме повеќе на ова поле и да станеме дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

Сбункер ја смета оваа кампања за добра можност да се разгледа проблемот околу загадувањето на воздухот на регионално ниво, затоа што воздухот не признава граници или нации, а истовремено, преку оваа кампања да придонесеме во градењето солидарност меѓу граѓанските општества од Западен Балкан кога станува збор за воздухот и за заедничките поблеми што го попречуваат нормалното живеење на целиот регион, проблеми што за жал се премногу.

 

Рони Идризај е извршен директор на невладината организација Сбункер. Во последните неколку години ја води програмата на Сбункер „труАктив“ за критичко размислување и граѓански активизам меѓу младите.