Потребан ние ,,културата на сеќавањето”, а не ,,културата на чистење се што е туѓо”. Култура на сеќавањето значи и помирување со минатото. Токму со помирувањето повторно може да се оживее и да се направи достоен пост – југословенски културен простор.

Петар Андоновски

Во веќе култна книга ,,Култура на лагата”, хрватската писателка Дубраква Угрешиќ во есејот ,,Се беше музика” зборува за тоа како бившите југо – народи ги чистат своите културни простори од она што би требало да биде туѓо и ги уредуваат своите мали културни домаќинства. Но, дали за овие триесет години колку што не постои повеќе таа заедничка држава националистите успеаа целосно да го ,,конфискуваат помнењето” (термина на Д.Угрешиќ)? – Не! Културата на сеќавањето е проживеано искуство на една генерација и никој не може да го ,,конфискува” за сметка на воспоставување друго. Постои нешто што се нарекува генерациско помнење, односно со својата генерација делиме исти ставови, вредности, убедувања.  Југословенскиот културен простор е дел од идентитетот на сите оние генерации кои раснеле и живееле во тој културен простор.

Последите два месеци иако за два не убави повода повторно југо – народите се обединиј. Не ги обедини економијата на која секогаш се повикуваме како на најсилен адут кога ќе се спомене Југославија, не ги обедини дури ниту самиот Тито, туку културата. Културата е простор во кој се формира личниот идентитет, како и колективниот, односно идентитетот на нацијата. Културата е важен дел од идентитетот, особено за малите земји и народи.  Културата е таа која ги поврзува народите, а не политиката. Смртта на Мира Фурлан и Ѓорѓе Балашевиќ повторно ги оживеа тие некогаш заеднички културни простори. И Фурлан, и Балашевиќ, (па и самата Угрешиќ на која се повикав на почетокот, и тоа не случајно), беа Југославија. Тие беа оние кој го создадоа тој културен простор врз која беше изграден идентитетот на една нација која повеќе ја нема. Токму затоа и нивното заминување ја погоди цела една генерација која раснела и живеела со нивните филмови и музика. Генерација чии сеќаваќа се изградени токму на таа култура. Културата на сеќавањето не е само национална, таа е и генерациска. Со заминување на луѓето кои го сочинувале тој културен идентитет како да го губиме сопствениот идентите.

Иднината на пост – југословенскиот простор или во ,,регионот” како што денеска се нарекува е токму во спојувањето на културата. Тука не мислам на онаа trash култура, на ријалитија и ѕвезде гранда, туку на онаа која ја наследивеме од генерациите на Балашевиќ и Фурлан. Затоа ние потребан ,,културата на сеќавањето”, а не ,,културата на чистење се што е туѓо”. Култура на сеќавањето значи и помирување со минатото. Токму со помирувањето повторно може да се оживее и да се направи достоен пост – југословенски културен простор.

И да завршам како што и започнав со еден парафразиран цитат од филмот ,,Штефица Цвек во челуста на животот” снимен според истоимениот роман на Дубравка Угрешиќ, а во кој глуми Мира Фурлан: ,,Културната меморија не е сапун па да се потроши”.

 

Петар Андоновски е македонски писател. Автор е на четири романи. Добитник е на Европската награда за литература.