Каде е границата помеѓу здравствената заштита на граѓаните и прекршувањата на човековите права? Американските експерти, кои беа вклучени во изготвувањето закони за здравство, доследно тврдат дека изборот на една личност влијае врз здравјето на другите луѓе и јавноста воопшто, па затоа луѓето немаат основни право да одбијат вакцинација.

Лавдим Хамиди

Околу 20 демонстранти се собраа утрото на 2 септември 2021 година на плоштадот „Скендербег“ во Приштина и гласно се спротивставија на одлуката на владата на Косово да се носат маски, но и на постојаните повици на властите за вакцинација, додека на истиот ден, преку 20 илјади граѓани низ целата земја, тивко чекајќи во ред, беа имунизирани против КОВИД-19.

Интересот на граѓаните да се вакцинираат во последните денови од летната сезона само растеше, бидејќи во малата европска земја со околу 1,8 милиони жители, варијантата Делта на КОВИД-19 веќе неколку дена предизвикуваше хаос, а бројот на жртвите на овој смртоносен вирус на 2 септември достигна 32 и над 1600 луѓе беа заразени.

Уште поголем број на жртви од КОВИД-19 беше забележан четири дена порано, односно на 29 август 2021 година, кога Косово регистрираше најмногу жртви во светот од КОВИД-19 на 1 милион жители во последните 24 часа, оставајќи ги зад себе Грузија, Северна Македонија, Тунис и Јамајка. Денеска 36 Косовари ја загубија битката со коронавирусот.

И покрај големиот број смртни случаи (околу 3000 од почетокот на пандемијата) и инфекции (над 160 илјади), Косово сѐ уште е рангирано меѓу земјите од Западен Балкан со најмал број граѓани вакцинирани против овој вирус, каде што досега само околу 30% од граѓаните ги примиле двете дози на вакцината.

Алармантна ситуација со вакцинација преовладува кај немнозинските заедници во Косово, поточно Ромите, Ашкалиите и Египќаните, каде што статистиките на досега имунизирани граѓани против КОВИД-19 се едноцифрени.

***

Во Косово, вакцинацијата сѐ уште не е задолжителна. Од 3 септември 2021 година, владата одлучи дека државните службеници не смеат да работат без доказ за вакцинација или без да ги презентираат соодветните тестови. Ова се должи на фактот дека сѐ уште постои неволност кај граѓаните за вакцинација и таквото ограничување има за цел да го зголеми бројот на имунизирани граѓани.

За разлика од Косово, некои земји во Европа и во светот ја прават задолжителна вакцината против КОВИД-19.

***

Не е мал бројот на граѓани на Косово кои сѐ уште се скептични околу постоењето на вирусот, а меѓу нив има и јавни личности.

Од друга страна, Министерството за здравство, покрај одложувањето на вакцинацијата, процес што започна во јуни годинава, не успеа преку кампањи за подигање на свеста да ги убеди граѓаните во неопходноста од вакцинација и да ги отстрани дилемите на многу скептици околу вирусот, дека вакцините немаат „чип“.

Амбасадата на Соединетите американски држави во Приштина беше принудена да објави соопштение на својата официјална веб-страница дека вакцините немаат „чип“ и дека се безбедни за здравјето на граѓаните на Косово.

Иако постојат такви скептици, а статистиката за целосно вакцинирани е сѐ уште ниска во Косово, се вели дека обврската на граѓаните да бидат вакцинирани против КОВИД-19 ги крши човековите права, па затоа властите можат само да повикуваат на вакцинација.

Каде е границата помеѓу здравствената заштита на граѓаните и прекршувањата на човековите права? Американските експерти, кои беа вклучени во изготвувањето закони за здравство, доследно тврдат дека изборот на една личност влијае врз здравјето на другите луѓе и јавноста воопшто, па затоа луѓето немаат основни право да одбијат вакцинација.

Тие дури направија интересна споредба помеѓу вакцината и ограничувањата на брзината на возилата. „Некој можеби сака да вози автомобил со 100 км/ч во градски услови. Можеби не верува во ограничувања на брзината, но сепак од него се бара да го почитува ограничувањето заради луѓето што можат да го преминат патот, или ќе мора да се повлече.“ Оваа фер премиса, која исто така го зачувува јавното здравје, може да ја оправда таквата политика: „Нема вакцина, нема работа“

 

Лавдим Хамиди, истражувачки новинар, основач на веб -портал, FrontOnline.net