Иделана вакцина би била онаа која нуди 100% заштита, нема несакани ефекти, се прима еднаш и штити за цел живот. Но дали можеме да очекуваме вакцина со вакви карактеристики, најверојатно не.

д-р Бојан Бошковски

Изминатиов период сведоци сме на глобална борба за обезбедување на поголем вакцини, кој ќе биде прв, кој побрзо ќе вакцинира кој ќе се спаси и ќе почн нормално да живее. Но, има премногу информации за вакцините, од нивниот состав па до нивната ефикасност. Секојдневно се менуваат информациите, се одобруваат нови вакцини и допрва ќе се одобруваат нови вакцини. И сега се поставува едно многу интересно прашање, која вакцина е подобра, која вакцина е иделна?

Иделана вакцина би била онаа која нуди 100% заштита, нема несакани ефекти, се прима еднаш и штити за цел живот. Но дали можеме да очекуваме вакцина со вакви карактеристики, најверојатно не.

Вакцината има задача да го стимулира организмот да создаде имунитет против вирусот со вбризгување на различни делови од вирусот кои ќе бидат препознаении како страни тела. Тогаш имуниот систем ќе започне создавање специфичен имунитет кон овие страни тела. Денес имаме РНА вакцини за САРС-Ков2 и оваа технологија за првпат се јавува во производство на вакцини и да речеме дека е авангардна вакцина, тоа е вакцината на Фајзер-Бионтек и МОДЕРНА.

Механизмот на дејство е иновативен, вбризганта мРНА ќе биде превземена од клетките и од генетскиот материјал кој го има во мРНА  ке се созде протеин кј е специфичен за САРС-Ков2 вирусот. Овој протеин ќе биде препознаен од имуните клетки и ке предизвика силен имун одговор кој ќе резултира со имунитет кон вирусот САРС-Ков2. Овој механизам засега е нов и досега не бил употребен во производство на вакцини, но мРНА системот има појак имун одговор отколку досегашните вакцини преку активација на специфични рецептори на самите имуни клетки кои учевствуваат во медлирање на имуниот одговор.

Од дрга страна вакцината на Оксфорд и руската вакцина Спутник В користат вирусен вектор кој се вбризгува во организмот. Вектор е поточно носач кој го носи С протеинот кој е карактеристичен за САРС-Ков2 вирусот кој го предизвикува имниот систем да развие имунитет кон овој протеин. Во овој случан носач или вектор е аденовирус од шимпанзо. Слична е и руската вакцина и слични вакцини се се уште во фаза на клиничко испитување.  Тертиот тип на вакцина е кинеската Синофарм која на база на инактивиран САРС-Ков2 и е претставник на калсичните вакцини како што е вакцината за грип. Во оваа вакцина вирусот е инактивиран по хемиски пат и тој неможе да предизвика болест, но е се уште е иумуноген односно го предизвикува имуниот сситем да созаде имунитет против него.

Ова се 3 познати механизми на дејство кај одобрените вакцини во моемнтов, но се разбира се повеќе информации ќе следат како поминува времето и како се јавуваат повеќе вакцини.

Оттука треба да извлечеме заклучок која вакцина е подобра и која вакцина е најблиску до иедеалната вакцина. Ова е тешко да се заклучи со досегашните информации. Прво затоа што вакцините се уште ги имаат примено многу мал дел од популацијата, а второ треба време да се процени нивниот долгорочен ефект врз имунитетот. Во основа сите вакцини се безбедни, податоците произлегуваат од клиничките студии но и сега веќе и преку следење на процесот на вакцинација.

Во однос на создавање на имунитет сите вакцини создаваат имунитет но во различен процент. РНА вакцините имаат преку 90% заштита, односно од 100 вакцинирани луѓе, 90 ќе развијат имунитет, слични резултати има и руската вакцина според недоамна објавените резултати во Лансет. Синофарм пак има различни резултати, околу 80%. Оксофрдскаа вакцина има ефикасност од 70% проценти. Засега сите вакцини кои се одобрени се примаат во две дози во интервал од 21-28 дена.

Меќутоа и покрај различните резултати од клиничкие студии ќе треба да почекаме и да ги видиме резултатите од кои произлегуваат од масовната вакцинација во поглед на ефикасноста. Се повеќе се зборува дека вакцините со помала ефикасност сепак стимулираат каков таков имунитет и доколку настане инфекција од САРС-Ков2, болеста ќе биде блага без компликации. Овој податок не е за занемравуање, тоа значи дека корона вирусот не би предизвикал сериозна болест и би се поминал како обична настинка. Но за овие податоци треба да почекаме.

И на крај која вакцина е идеална? Како и се во животот нема ништо идеално но најверојатно сите вакцини се еднакво добри во поглед на ефикасноста и безбедноста. Доколку поголем дел од популацијата се вакцинира вирусот ќе наиде на сериозен бедем кој тешко дека ќе може да го заобиколи и само така ќе можеме да ја победиме оваа пандемија.

 

 д-р Бојан Бошковски специјалист невролог и национален координатор за СЗО