Ова е еден од моментите на просветлување, кога луѓето се потсетуваат да се засолнат во национализмот. Се пренесуваат сеќавања на вредностите, но и како национализмот нè обединува во време на мир или кога пред нас се појавуваат непредвидени непријатели, како во случајот на пандемијата Ковид-19.

Бен Андони

Додека Албанија и Северна Македонија бесконечно чекаат во бриселското лоби за постапката за членство, што во суштина е горчлива бирократија, Европа има можност да ја види во стварност параболата на Кафка за „Портите на законот“. Ако не во случајот на Албанија, која остави голем дел од својата гордост заради интеграција, тогаш кај нејзините источни соседи, кои преговараа дури и за нивниот идентитет.

Се чини дека ова не му дава никаква различна шанса на национализмот во Албанија. Оние неколку патетични националисти, кои го покренуваат таканареченото прашање на „Голема Албанија“, изгледаат како да се појавиле од историските текстови, кога земјата сè уште не била формирана како држава; исто како и политичарите кога се обидуваат да се заканат со невозможност. Последново ги прави денешните политичари несигурни за Брисел, па дури и за граѓаните.Сè на сè, влада како таа во Албанија, за да ужива трет мандат на управување со земјата, треба да обезбеди раководство, кредибилитет што доаѓа одоздола. Токму заедницата на луѓе со нивното историско единство и идентитет дава легитимитет на работата на една влада. Но, ова воопшто не може да биде случај со Албанија, каде што за жал постои длабока поделба меѓу Левицата и Десницата. Поделбата е толку голема што градот и законите донесени таму е скоро невозможно да се согледаат во руралните области. Избирачкото тело, кое деновиве парадоксно ја одржува и ја негува оваа политичка елита, во многу случаи не е јасно кога го делегира гласот за своите претставници, кои се одделуваат од гласачкото тело и повеќе не го претставуваат. Тoa веќе припаѓа на идентитетот на партиските лидери кои, според изборниот систем, управуваат со земјата. Денеска… „Фракционите интереси основаат партии чија цел не е повеќе да управуваат со интересот на сите, туку да ограбуваат за групата“, пишува Роже Скуртон во есејот „Потребата од нации“.

Ова е еден од моментите на просветлување, кога луѓето се потсетуваат да се засолнат во национализмот. Се пренесуваат сеќавања на вредностите, но и како национализмот нè обединува во време на мир или кога пред нас се појавуваат непредвидени непријатели, како во случајот на пандемијата Ковид-19. Соочувајќи се со пандемијата, Албанија и другите мали земји ја доживеаја исчезнатата солидарност или она што значеше да се толерира на сметка на национализмот заради заедничките вредности, кои исчезнаа како никогаш да не постоеле.

И албанската влада, исто како и многу други, побара од граѓаните да се жртвуваат без да кажат дека тоа е потребно за вредностите на Европа и уште повеќе за Брисел, чиe студенило денеска Албанците можат да го почувствуваат до коски. Нашиот идентитет нè чуваше безбедни кога го поврзувавме со национализмот.

Секој што се соочува со овој предизвик денес го повикува неговото/нејзиното национално чувство, во рамките на кое дејствуваат мерките на општа човечка емпатија, на жртвување заради другите, токму таа ментална навика што социјалните демократии вообичаено не ја охрабруваат.

Сето ова неодлучно однесување, каде што се исправуваме, па се повлекуваме од национализмот, ја носи таа голема опасност за нашите ранливи делови од општеството, пред кои поминуваме толку рамнодушно, или она што Rон Ралстон Саул го нарекува „позитивен национализам“ – што, всушност, е поврзано со загриженоста на луѓето во една земја во врска со националниот идентитет и ги покажува напорите направени од маргинализираните социјални субјекти да се усогласат со правилата, што се бара да ги имаме според правилата на Брисел, но, длабоко во нашето срце, чувствуваме дека подобро е да ги следиме оние на позитивен национализам, кога живеевме и навистина бевме интегрирани заедно.

Ова е можеби добрата страна на национализмот, кон која веројатно повторно ќе пристапиме во овие времиња… дури и без страв од Брисел.

 

Бен Андони пишувал за многу од албанските дневни весници и беше главен уредник на некои од нив. Денеска, тој е ангажиран во политичка и регионална анализа