Но, на крајот, што останува? Секогаш останува човекот. Со своето опкружување. Затоа е пресудно да се слушаме и гледаме: свеста за Другиот е првиот чекор кон почитта. Мора Другиот да го извадите од сопствената проекција за Другиот. Другите се најопасну во нашите стравови и несовршености, а меѓу сите несовршеости најлошо е незнаењето.

Убеден сум дека самото име на тв програмата која стана препознатлива и ги освои симпатиите на луѓето ширум регионот – Опкружување – би била интересно повторно да се ослушне и денес.

Ќе се осмелам да кажам дека тој збор, денес и овде, го нема истото значење како во времето кога ток-шоуто со исто име почна да се снима и емитува.

Кога почна оваа убава медиумска и интелектуална авантура, тој поим – опкружување – пред се упатуваше на другиот како пријател, на опкружување кое бара интерација, на просторот околу нас, кој е извор на убави нешта – комуникација, разбирање, размена…

Денес, овој збор живее во нашите имагинарни реченици што сите ги носиме во главата и во телото, со неколку изменети значења. Позлокобни. Денес „опкружувањето“ е извор на опасност…

Што се случи, а што предизвика ваква промена во значењето? Пандемија која го промени современиот свет, а камо ли еден збор…

Таа нијанса на злокобност што овој збор, ни крив ни должен, го доби во контекст на пандемијата ни зборува по нешто и за луѓето и за јазикот.

“Зашто јазикот е причина за сѐ, е на делување”, вели Софокле во секогаш извонредниот „Филоктет“.

Единствените луѓе кои денес не можат да ве заразат се ликовите од книжевноста. Дружењето со нив е безопасно. Затоа враќањето кон читањето е една од “придобивките” што ги донесе пандемијата.

До денес не е надмината убавината и сеопфатноста на сликите на светот кои ги претстави Бокачо во „Декамерон“, вознемирен од сличните предизвици. И тогаш расказите, приказните и литературата биле најдобриот начин да се преживее земскиот пекол.

Иако, кога веќе зборуваме за позитивните моменти, морам, да кажам дека правилото за дистанца во Црна Гора донесе една важна промена. Имено, Црногорците, традиционално, беа напорни и страшно офанзивни во самиот чин на поздравување. Една граѓанска конвенција овде неретко има форма на (пре) долга прегратка, рвачко стискање, па дури… мислев дека таа напорна јужњачка срдачност нема никогаш да исчезне. Но, короната успеа во – невозможното. Го редуцираше црногорскиот уличен театар на средбите.

Но, на крајот, што останува? Секогаш останува човекот. Со своето опкружување.

Од кое денес се тресе, се плаши, на начин кој го опишува Жан Делимо („Став на Запад“) претставувајќи ни го европскиот средовековен град. Надвор од ѕидините било опкружувањето – составено од самото зло, грев, пекол… Тоа што, пред сѐ било одраз на сопствените негативни проекции, не ја намалувало реалноста на нивното влијание на тогашниот човек.

Затоа е пресудно да се слушаме и гледаме: свеста за Другиот е првиот чекор кон почитта. Мора Другиот да го извадите од сопствената проекција за Другиот. Другите се најопасни во нашите стравови и несовршености, а меѓу сите несовршеости најлошо е незнаењето.

На крајот, што останува по сите наши, глобални и локални, бури и бродоломи?

Остануваме ние, секогаш со своите стравови, фасцинации и љубови.

Контекстот на глобалната опасност ги смирува, или макар ги релативизира балканските изопачени страсти, историски оркестрираната омраза помеѓу едни и други, и трети и четврти…

Дали можеби пандемијата ќе не направи поспремни да се разбираме едни со други. Да се активира онаа спасоносна нишка на емпатија од која се раѓа сѐ што е најдобро во човекот – од филозофијата и уметноста до идејата за моралот.

Ми се јави еден пријател од Херцег Нови, целиот восхитен. Вели во текот на пандемијата запознал една фантастична жена, која го оставила без здив. Бев зачуден зашто знам, дека како и сите други, не излегува никаде. Тогаш ми објасни дека се работи за неговата сопруга со која е во брак повеќе од четврт век. “Сега кога ја запознав, видов дека е феноменален лик…”

Маскирање и дистанца? И тие метафори изгледа имаат – две страни.

На крајот, денешниот човек, маскиран и дистанциран од другите, делува понемоќно и поизложено уште од времето на Студената војна.

Што ке му донесе таквото искуство?

До неодамна, бевме згрозени над фактот дека е невозможно да се промени светот на современиот капитализам и конзумеризам.

А денес, како фино кажа еден германски уметник, “она што до вчера изгледаше невозможно, сега изгледа неизбежно”. Во тоа е суштината. Нашата вистинска слика, за нас како човечко поколение, ќе остане запишана во природата и квалитетот на промената која мора да ја реализираме.