Годината на короната беше и година на волонтирање, на поединечни и на групни акции за пружање помош, кои можат да бидат потенцијал за демократско јакнење и социјална инклузија на Косово.

Анамари Репиќ

Сѐ почна со првите затворања, кога нашите соседи, постарите, болните, стоеја на прозорците, чекајќи во тишина. Соседите доаѓаа напомош, се одеше во набавки на намирници, на лекови. Од друга страна, напомош пристигнаа и кројачките, шиејќи заштитни маски. Потоа продолжија десетици различни инспиративни иницијативи за волонтирање на Косово.
Помош им беше потребна на постарите, на заразените во куќна изолација, на бремените, на оддалечените и ранливите заедници. Почна солидарност во соседството, на работа, на улица. Насекаде околу нас. Волонтерите чекаа, носеа, посетуваа, помагаа поединечно или организирано, како на село, така и во град.

Волонтирање имаше во сите заедници на Косово. Доставување на храна и на разни потрепштини Црвениот крст организираше уште на почетокот од пандемијата, кога се јавија голем број доброволци. Во периодот на затворањето, студентите по медицина во Приштина им дојдоа на помош на лекарите, посетувајќи ги граѓаните во изолација.
Еден професор од Универзитетот во Приштина иницира производство на заштитни маски со помош на 3Д печатач за медицинските работници. Грачаничкиот иновациски центар правеше визири за медицинските работници, додека членовите на младинските организации од српските средини ги посетуваа постарите сограѓани, пружајќи им разновидна помош. Во околината на Призрен, бошњачката младина помагаше при доставата на помош. Во Гњилане волонтерите го чистеа болничкиот двор, а во Приштина психолозите пружаа помош преку кол-центар.

Корона-кризата уште еднаш докажа дека современиот поединец, кого често го осудуваме за егоизам и за недостаток на емпатија, кога ќе му се понуди организирана акција, и тоа како знае да покаже сочувство и желба да помогне. Да придонесе за општото добро.
Видовме дека тоа не е активност што е врзана главно за младите, сите можеме да бидеме волонтери. Луѓето покажаа дека преку интернет можат побрзо да се организираат одошто претходно, можат да ја понудат својата снага, но и своето знаење. Иако имаше зголемен интерес за волонтирање, се смета дека тоа сѐ уште вклучува помал број на граѓани.
Покрај чувството за општествена одговорност, волонтирањето е и стекнување на неопходни искуства и вештини, како за работа, така и за животот воопшто. Исто така, минатата година е голема мотивација акциите на секојдневно волонтирање да се продолжат во некои други области – заштита на културното наследство, помош на деца со посебни потреби, волонтирање во библиотека, итн.

Волонтирањето може да биде особено важно за мултиетничката заедница, како што е Косово. Пружањето помош не познава препреки и може да води кон соработка. Тоа е потенцијал за јакнење на културата на солидарност и интеракција во општеството во кое меѓуетничките односи и понатаму се кревки. Подобрената политика на организација на волонтирањето може да го зголеми учеството на граѓани од различни средини и етнички заедници, придонесувајќи за јавниот интерес на Косово. Со волонтирањето се заокружува чувството дека, помагајќи на другите, си помагаме себеси, бидејќи оние кои помагаат на оние на кои им е потребна помош не се сами. Нишката на поврзаност кон поединецот и кон заедницата станува дел од мрежата на солидарност која се шири понатаму.

 

Анамари Репиќ, новинарка, екперт од областа на медиуми и комуникација, и тренер по новинарство, медиумска писменост и медиумска етика.