Во 2016 година, Мрежата на жени на Косово го објави првиот извештај направен во Косово, со кој се проценува дека околу 48,5% од Косоварите доживеале сексуално вознемирување, додека околу 64% од жените во Косово доживеале сексуално вознемирување во текот на својот живот.

Аделина Бериша

Во декември 2014 година во Косово беше организирана првата улична реакција „Ја враќаме ноќта“, каде што младите и активистите за човекови права се собраа заедно и преку марш и извици протестираа против сексуалното вознемирување. Настанот беше организиран од Мрежата на жени на Косово во рамките на состанокот што организацијата го имаше со девојки од Косово, кои истакнаа дека сексуалното вознемирување е еден од најголемите проблеми што ја загрозуваат нивната безбедност. Дотогаш, сексуалното вознемирување како форма на родово насилство беше табу тема во косовското општество и се дискутираше само меѓу девојки кои ги искажуваа своите грижи во врска со нивните искуства на сексуално вознемирување. Во рамките на јавниот простор воопшто не беше дискутирано за ова прашање што влијаеше на животот на жените и девојчињата на Косово.

Во 2016 година, Мрежата на жени на Косово го објави првиот извештај направен во Косово, со кој се проценува дека околу 48,5% од Косоварите доживеале сексуално вознемирување, додека околу 64% од жените во Косово доживеале сексуално вознемирување во текот на својот живот. Општо земено, девојчињата и жените кои беа дел од ова истражување изјавија дека не пријавиле малтретирање во ниту една институција. Во 2015 година, МЖК откри дека само 4,1% од испитаниците пријавиле сексуално вознемирување кај властите или знаеле некој што го сторил тоа. Културата на „обвинување на жртвата“ во случаи кога има сексуално вознемирување е широко прифатена, а 74% од Косоварите веруваат дека „жените самите си прават проблеми, облекувајќи се и однесувајќи се на провокативни начини“. Скоро една третина од Косоварите веруваат дека луѓето задеваат други кога ги привлекуваат и дека ваквото однесување е прифатливо. Повеќе мажи (35,4%) отколку жени (26,9%) се согласуваат со мислењето дека ваквото однесување не е проблем (во ред е). Понатаму, мислењето дека на младите жени им се допаѓа кога ги задеваат е широко присутно и кај мажите и кај жените (40,5%).

Многу малку граѓани знаеја што е тоа сексуално вознемирување. Ова можеби се должи на фактот дека сексуалното вознемирување до 2019 година не беше кривично дело. Во косовското законодавство, во граѓанските постапки, сексуалното вознемирување е дефинирано со Законот за родова еднаквост и Законот за заштита од дискриминација. Од 2019 година, тоа е кривично дело, во членот 183 кој го дефинира сексуалното вознемирување како „каква било форма на несакано вербално, невербално или физичко однесување од сексуална природа, насочено кон нарушување на достоинството на одредена личност, и создава околина што е објективно застрашувачка, непријателска, деградирачка или понижувачка“, а казната за ваквото сексуално вознемирување варира од парични казни до 5 години затвор.

Сексуалното вознемирување има различни последици врз жртвите, емотивни последици – вина, губење на самодоверба, страв. Сексуалното вознемирување, исто така, влијае врз пристапот на жените кон јавната сфера, односно влијае овој пристап да биде минимизиран и опасен за жените. Сексуалното вознемирување влијаело многу жени да ги загубат своите работни места или интересот за работа поради страв да не доживеат сексуално вознемирување, поради недостаток на политики кои се борат против сексуалното вознемирување во јавните институции, но и во оние приватни, политики што ќе го олеснат процесот на пријавување на сексуално вознемирување.

Од септември, Косово е посветено да ја спроведе Истанбулската конвенција, правејки ја дел од својот устав. Оваа конвенција, меѓу другото, бара од земјите да спречат насилство врз жени, вклучително и сексуално вознемирување.

 

Аделина Бериша, менаџер на програмата против родово насилство Мрежа на жени на Косово, пред сѐ како истражувач. Оттогаш е фокусирана на борбата против родовото насилство.