Како можеме да го славиме мирот со тоа што ќе се спротивставиме на делата на омраза преку Интернет и во реалноста, и ќе шириме сочувство, добрина и надеж додека се соочуваме со пандемија? Исто така, на што може Косово да го научи Западен Балкан во однос на ова прашање?

Абит Хоџа

 Мирот денеска е поважен од кога и да е. Во свет исполнет со конфликти, насилство и нетолеранција, од огромна важност е да ја искористиме секоја можност да научиме како да ја подобриме нашата отпорност кон конфликти и насилство. Годинешното одбележување на Меѓународниот ден на мирот е во духот на „Да се опоравиме подобро за правичен и одржлив свет“, што е она на што се надеваме по последиците од пандемското уништување на човечкиот живот и светскиот поредок. Денеска, светот доживува многу насилни конфликти во кои се губат човечки животи, а уништувањето на имотот е нормализирано. Насилството врз малцинствата, жените и децата се некои од предизвиците на глобално ниво. За да може и да се обележат таквите напори, Меѓународниот ден на мирот беше воведен во 1981 година од Генералното собрание на Обединетите нации. Две децении подоцна, во 2001 година, Генералното собрание едногласно гласаше за одредување на овој ден како период на ненасилство и прекин на огнот.

Но, на прагот на годинашниот Меѓународен ден на мирот, што можеме да научиме за нашиот проблематичен регион Западен Балкан и кои се главните противници на мирот и просперитетот? Како можеме да го славиме мирот со тоа што ќе се спротивставиме на делата на омраза преку Интернет и во реалноста, и ќе шириме сочувство, добрина и надеж додека се соочуваме со пандемија? Исто така, на што може Косово да го научи Западен Балкан во однос на ова прашање?

По завршувањето на насилството во 1999 година на Косово, конфликтот продолжи со други средства. Етничката нетолеранција, наративите за омраза и поделеното општество беа карактеристики на косовското општество до денеска. Но, дали има напредок во постигнувањето мир и толеранција? Секако, поради напорното секојдневие, тешко го забележуваме постигнатиот напредок.

Употребата на службените јазици и медиумите и на албански и на српски јазик е едно од оние достигнувања за кои едвај известуваме. Отсуството на насилство е друго прашање на кое медиумите не се фокусираат во сегашноста, бидејќи тоа не е вест. Ова е природата на медиумското покривање и во ерата на сензационалистички и брзи вести, напредокот, мирот и толеранцијата не се вредни за вести за медиумите. Сепак, вредни се за јавноста.

Значи, дали мирното новинарство е неопходно за постконфликтните општества како нашите на Западен Балкан, и особено на Косово? Едноставниот и краток одговор е да, под услов и политичката елита да се придржува до целите на помирување, мир и просперитет. Мировното новинарство им овозможува на новинарите да се фокусираат на позитивните и мировно ориентирани теми, покривајќи го она што може да биде корисно за мировната агенда. Ова не значи дека темите за незаконски  дела и криминал, вклучително и омраза и етнички злосторства, се потиснати. Тоа само значи дека крајната цел на мировното новинарство е да ги приближи заедниците, наместо етничка поделба. Мировното новинарство ја дава вистината од друг агол, а вистината е многу важна за постконфликтните општества како нашето, особено со одржување на слободата на говорот во централната точка на таквото покривање.

Бидејќи мирот станува поважен во нашево време, на овој Меѓународен ден на мирот, сите треба да се фокусираме на подобро закрепнување за правичен и одржлив свет. Ова закрепнување треба да се гледа и како глобална вредност, а не ексклузивно. Мирот е глобална вредност, треба да го делат сите и треба да биде за сите.

 

Абит Хоџа, предавач и истражувач за новинарство и продукција на вести во конфликт