Сѐ уште не бев стар, но и тогаш бев намќорест и со негодување забележав дека технологијата за производство на електрична енергија од мали хидроелектрани нема баш некој простор за напредок, а дека технологиите за биогас речиси удрија во границите на теориската физика и дека надежта дека тие ќе напредуваат е слична на надежта дека ќе произведеме искра удирајќи јајце од јајцe.

 

Се надеваме дека новата политика ќе ги поддржува само оние обновливи извори на енергија што се отпорни на пандемија. Пандемијата на пазарните цени. Во спротивно, ќе мораме да го продолжуваме карантинот за некои технологии. Ad infinitum.

Годината е 2013. Се прашував што ќе се случи кога ќе зајде сонцето на стимулативни механизми што државата ги дарува за да се поттикне употребата на некои технологии за производство на енергија од обновливи извори. Се прашував поради драматичност, да остане забележано. Не се надевав дека комичарот случајност ќе ни приреди проекција на иднината и дека ќе ни даде можност да застанеме, да размислиме и да ја употребиме мислата за осмислување на идните политики.

  1. Владата на Република Србија ја носи „Уредбата за мерки за поттикнување на производство на електрична енергија со користење на обновливи извори на енергија и комбинирано производство на електрична и на топлинска енергија“. Народски кажано, се отвора можност производството на електрична енергија со помош на технологиите препознаени во овој документ да се откупува по повластени цени. Некој во светот смислил со ваков вид награди да се поттикнува развојот на нови технологии, со надеж и верба (можеби имало и љубов) дека нивните капитални трошоци ќе се намалуваат со текот на времето поради напредокот на технологијата и дека ќе дојде ден кога енергијата од напредни технологии ќе можеме да ја користиме сите на комерцијална основа.

Сѐ уште не бев стар, но и тогаш бев намќорест и со негодување забележав дека технологијата за производство на електрична енергија од мали хидроелектрани нема баш некој простор за напредок, а дека технологиите за биогас речиси удрија во границите на теориската физика и дека надежта дека тие ќе напредуваат е слична на надежта дека ќе произведеме искра удирајќи јајце од јајце[1]. Ги споменав и високите оперативни трошоци на технологијата за биогас. Кучињата лаат, караванот врви, „сплавови су Мека и Медина, само нек се окрече турбина“..

Годината е 2020. Пандемија. Некој во државава се сети дека би можел да го прекине плаќањето на надомест за обновливи извори на енергија и ги упати производителите да ја продаваат својата енергија на пазарот. Системот на Обединетите нации објавува социо-економска анализа за влијанието на ковид-19[2] во која вели дека производителите што ја користат енергијата на ветерот, сонцето или хидроенергијата доживуваат намалување на приходите, но дека бизнис моделот не им е загрозен. Меѓутоа, на производителите што користат биогас, моделот им е загрозен[3]. Губат пари со тоа што произведуваат енергија, но би губеле уште повеќе ако привремено го прекинат производството. Велат дека дел од проблемот, иако е тешко да се разбере точно зошто, е предизвикан од пандемијата, но дел е последица на долгиот синџир на снабдување и високите оперативни трошоци (се слушаат фанфари). Така се вели во анализата што ја подготви Системот на Обединетите нации. Истиот систем, воден од непозната инспирација, пред неколку години во соработка со Владата на Република Србија, даде пари за поддршка на технологијата за биогас кога откупните цени беа недоволни за да ги покријат трошоците за производство на енергија од оваа убава, неодрживо скапа технологија. Поддржана е технологија која прави загуби со тоа што продава електрична енергија по пазарни цени, а не смее да го прекине производството кога цената е пониска од трошоците. Технологија без пазарна иднина.

Република Србија во моментов нема политика за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори. Се надеваме дека новата политика ќе ги поддржува само оние обновливи извори што се отпорни на пандемија. Пандемијата на пазарните цени. Во спротивно, ќе мораме да го продолжуваме карантинот за некои технологии. Ad infinitum. Не е фер, ајде да вложиме во помош на енергетски сиромашните за да се згреат без загадување.

 

[1] Слава му на Ерик Берн и на преведувачот Љуба Стојиќ

[2] https://www.rs.undp.org/content/serbia/en/home/library/crisis_prevention_and_recovery/covid-19-socio-economic-impact-assessment-.html

[3] “Therefore, wind, solar, and small hydro power producers only had to contend with reduced in- come during the State of Emergency (rather than more systemic financial, business model, or liquidity issues). However, the situation was different for electricity producers from biogas” COVID-19 Socio-Economic Impact Assessment.  страница 37

Александар Мацура