До подобро разбирање, до почитување на различното и до подразбирачкото почитување на правата; до сѐ што ќе не направи дел од демократскиот свет. Време е демократските институции да станат традиција, а не цел до кој бавно и невешто чекориме.

Потпирајќи се на традицијата на тв дијалогот „Оокружување“ ја започнуваме Хрониката Опкружување која ја отвараат Енвер Казаз, Воја Жанетиќ, Балша Брковиќ и Ренато Баретиќ.

Кога пред осум години почнавме со првото регионално ТВ ток-шоу „Опкружување“, верувавме дека може да ги заинтересираме граѓаните на овој простор кој го нарекуваме Западен Балкан, Југоисточна Европа, регион, опкружување… Не можевме да предвидиме дека 12 телевизиски канали, повеќето со национална фреквенција, ќе бидат заинтересирани и уште поважно,  истрајни, во емитувањето на преку 70 разговори во кои учествуваа повеќе од 300 луѓе препознатливи по своето знаење и интелект, во текот на 6 последователни години.

Ова се граничеше со потфат, како што многу наши пријатели говореа. За тој „потфат“ го добивме и признанието од асоцијацијата на 200 организации од опкружувањето и Европа кои се дел од European Citizenship и Volonteurope. Станавме „бренд“, репрезент на „квалитетното новинарство“, „демократска трибина“, дијалошка рефлексија на „опкружувањето“, „отклон од пазарот на скандали“ (ovde link do Drugi o nama iz projekta TV Okruzenje), место на кое сакаа да дојдат многумина од опкружувањето.

И по толку години и понатаму сме единствени кои успеаа да го соберат целиот регион околу идејата за политички телевизиски разговори. Зошто не продолживме? Одговорот е – не излеговме на крај со сложените процедури и финансиските средства со кои е ограничен невладиниот, непрофитен сектор, а ние сме дел од тоа друштво.

Но, не се откажуваме, затоа што верувам дека е профитно токму она што не се купува со пари, она што ќе нѐ доведе до подобро разбирање, до почитување на различното и до подразбирачкото почитување на правата; до сѐ што ќе не направи дел од демократскиот свет. Време е демократските институции да станат традиција, а не цел до кој бавно и невешто чекориме.

Благодарение на разбирањето и поддршката на нашиот партнер, Европскиот Фонд за Балкан, му се враќаме на Опкружување со план тука да останеме додека има луѓе кои сакаат нешто да прочитаат, чујат, видат и кажат за својата земји и своите соседи. Ѝ се враќаме на оваа платформа која ја наменивме за сите од Белград, преку Сараево, Подгорица, Скопје, Приштина до Тирана. Секоја недела овде ќе ве чекаат шест погледи на изминатата седмица од шест страни на нашето опкружување. Нашиот тим од сите делови на региониот ќе ги бира оние за кои веруваме дека имаат што да ни кажат и да нѐ поттикнат на размислување. Тука ќе има текстови, видео клипови, аудио записи. И не само за нив, туку за сите вас, ако сакате, во нашата посебна рубрика „Гласот на опкружувањето“.

Праќајте ги вашите видео записи, поделете со нас сѐ што сакате: успеси, грешки, размислувања, идеи, затоа што ова место е замислено да биде „дијалошка средина“.

За првото јавување на новата разубавена платформа на „Опкружување“, збор имаат нашите стари познаници, луѓето кои шест години ја почнуваа и ја завршуваа секоја емисија на  „Опкружување“. Што ново се случи од нашето последно видување? Што ни откри Ковид-19 пандемијата која ги засени сите останати случувања? Зошто е пресудно да разговараме и да се слушаме?

Читајте ги во продолжение сведоштвата за времето во кое живееме.