Академијата за изведувачки уметности во Сараево иницираше создавање на Комитет за превенција на сексуално и родово насилство, кој строго ќе следи политика на нулта толеранција за каква било форма на дискриминација и вознемирување, сексуално или од друг вид. Случајот со Мика Алексиќ го раздвижи целиот регион, а еден од одговорите беше групата „Не си го барав“ на Фејсбук, започната од поранешни и сегашни студенти на Академијата. Срѓан Вулетиќ, директор и декан на Академијата, зборува во ова видео.