Проектот на невладината организација Медуза „Секс-позитивни“ има за цел да ја демистифицира и да ја слави женската сексуалност, а еден од начините тоа да се постигне е преку отворен дијалог за нашите сексуални практики. Ако се земе само јавниот наратив кој се гради врз основа на машкиот поглед, не може да се напушти традиционалното прикажување и искуство на жената како сексуален објект кому му се „случува секс“, наместо како субјект со сопствени потреби, желби, фантазии, минато, трауми, приказни…