Мубера Хоџиќ-Лемеш е управителка на Сигурна куќа во Сараево. Го обедини системот за заштита на жените жртви на насилство во рамките на активностите на Фондацијата за локална демократија и Сигурната куќа во Сараево. Таа го иницираше и формирањето на Фондот „Заедно сме сигурни“, како модел за оснажнување и поддршка на жените жртви на насилство по напуштањето на „Сигурната куќа“.