Музејот во Битола со богата постојана поставка е сместен во едно од најзначајните културноисториски зданија, во зградата на Старата касарна. Оваа монументална градба потсетува на историското минато, на настаните и на луѓето кои престојувале овде.