Емир Хаџихафизбеговиќ, познатиот босанскохерцеговски и регионален филмски и театарски актер, директор на Камерниот театар 55 од Сараево, минал низ трауматично искуство во борбата со ковид-19. Тоа беше вистинско „истерување на ѓаволот“, короната не е болест, туку сатана, вели, меѓу другото, Емир, во врска со неверојатните случувања во текот на 14-те дена борба за гол живот.