Лана Пудар, член на Пливачкиот клуб „Орка“ од Мостар, на Пливачкиот митинг во Белград кон крајот на февруари 2021 година ја постигна олимписката норма на 100 метри пеперутка. Регионалните медиуми спорадично известуваа за ова, а големиот резултат во БиХ стана првокласна вест дури во средината на март. На само 15 години, пливачката постигнува резултати на ниво на најдобрите во светот и ќе ја претставува Босна и Херцеговина на Олимписките игри во Токио оваа година.