Политичките „елити“ и нивните омилени фирми се взаемни финансиери, благодарение на сеприсутната корупција во јавните набавки. Тоа што годишно во овој систем од три милијарди марки, третина е нетранспарентно потрошена, за „поткованото“ правосудство не е проблем на кој треба да се посвети. Видеото е истражувачка приказна за малверзациите со јавните набавки, а авторот Амарилдо Гутиќ е новинар во Центарот за развој на медиуми и во магазинот „Журнал“.