„Најголемиот ризик за повеќето од нас не е тоа што целта ни е превисока и не можеме да ја постигнеме, туку тоа што е многу ниска и лесно ја постигнуваме“

 Шпетим Луку

Албанската економија го вбројува земјоделството меѓу приоритетните сектори. Многу се разговара за начинот на неговиот развој, за достигнување на стандардите на напредното земјоделство. Но, во албанската реалност постои пример кој покажува и ви овозможува да замислите какво би било албанското земјоделство, а тоа е заедницата „Агро Илирија“. Основана во 2015 година на земја без вредност од аспект на употреба за земјоделски цели според традиционалното албанско земјоделство, „Агро Илирија“ денеска е најголема земјоделска фарма во Албанија и регионот, но и брилијантен аргумент кој ја илустрира теоријата дека, со цел за да ја обработуваш, земјата треба да знаеш како да го правиш тоа.

Партнерите Илир Требицка и Шпетим Осеку работеле заедно во областа на градежништвото. Размислувале да направат нешто што е поблиску до природата. Во 2015 година започнале напорите за конкретизирање на нивната желба и цели. Првично, идејата се однесувала на хидропонски оранжерии. Но, тешкотиите започнале уште со првите чекори; немало празно земјиште на големи површини. Така, биле принудени да го земат соленото земјиште на некогашното мочуриште Караваста во Лушње. Скептиците, но и пријателите, не ја одобрувале оваа иницијатива. Но, Шпетим Осеку и неговиот партнер, убедени во нивните идеи, почнале да ги конкретизираат. На средба со израелски агроном добиле и потврда за точноста на нивната бизнис идеја. „Нема лоша земја. Има земја на која треба многу работа и инвестиции, има и земја каде што е доволно да се посее семето затоа што самото никнува“, рекол тој. Така, „Агро Илирија“ е родена на непрофитабилна почва, на многу солено земјиште.

„Агро Илирија“ е компанија сертифицирана како национален стратешки инвеститор, единствена во албанското земјоделство што го има овој статус. Во нејзиниот технички персонал има 6 лица од областа на земјоделските науки, еден професор од Израел, еден од Италија и 4 албански професори.

„Агро Илирија“ има засадено 44 илјади корени гоџи бобинки и вработува 200 сезонски работници за нивна берба околу десет пати годишно. „Агро Илирија“ има 80 хектари со калинки од две сорти: „Acco“ која се бере на почетокот на септември, и „Wonderful“ која се бере на почетокот на октомври. Од септември до ноември успева да собере околу 1300 тони калинка.

Се чини дека „Агро Илирија“ претставува проект кој не е завршен. Се подготвуваат да засадат 100 хектари калинка, во рок од три години ќе засадат 700 хектари со калинка, а на крајот од периодот од пет години, односно до 2026 година, ќе има 180 хектари агротуризам, од кои 70 хектари борова шума и 26 хектари вештачко езеро каде ќе се организираат секакви спортови на вода. Ќе има 3 хотели и ресторани, ќе се реконструира и прошири црквата Света Марина, стара 300 години. Ќе се изградат 200 дрвени куќички, 200 места за станбени камперски комбиња и 3,5 километри пат што ќе го поврзе селото со морето.

На крајот на проектот „Агро Илирија“ ќе произведува 20 приколки со калинка дневно во текот на 90 последователни дена, а ќе ја изгради и првата фабрика за сок од калинка на Балканот, која ќе биде една од најголемите во Европа. Ќе изгради сопствена лабораторија и студентско-универзитетска катедра по земјоделство.

Како и сите други инвеститори, особено во областа на земјоделството, и „Агро Илирија“ се соочува со свои потешкотии. Тоа е заедница која ја обработува најсолената почва во светот, оставена неплодна со децении. Има големи тешкотии во работата, итн. „Најголемиот ризик за повеќето од нас не е тоа што целта ни е превисока и не можеме да ја постигнеме, туку тоа што е многу ниска и лесно ја постигнуваме“, вели Микеланџело.

 

Шпетим Луку е директор на Албанскиот центар за истражувачко новинарство