Важно е пораката внимателно да стигне до граѓанинот дека, како многупати во историјата, така и овој пат, злото ќе биде поразено со единство и солидарност на целото човештво потпирајќи се на современите професионални научни достигнувања.

Д-р Ферид Агани

Вирусот Ковид-19 предизвика многу сериозно нарушување во глобалното јавно здравје во текот на минатиот век, влијаејќи на сите сфери на биолошка, психолошка и социјална благосостојба на човечкото општество. Влијанието е повеќедимензионално, така што може да се спореди само со светските војни. Личноста на човекот и неговото семејство се особено нападнати. Задолжителна социјална изолација, вознемиреност и страв, исклучувања на семејните контакти, колапс на економското и материјалното јадро, нарушување на секојдневната рутина, зголемување на семејното насилство и ограничување на слободното движење – сето ова предизвика огромно зголемување на надворешниот и внатрешниот стрес што генерираше вознемиреност, страв и екстремна несигурност кај граѓаните. Клиничките манифестации најпрво вклучуваа егзацербација на психијатриската патологија која постоела пред епидемијата, но понекогаш и нови нарушувања на менталното здравје кои главно се генерализирано анксиозно растројство, фобични нарушувања, опсесивно-компулсивни нарушувања, нарушувања на спиењето, но и големи депресивни нарушувања. Овие стресогени ситуации со сериозни психопатолошки последици оставаат секојдневни последици врз физичкото и менталното здравје за луѓето од сите географски простори, што значи од повеќе смртни случаи до сериозни здравствени компликации. Очигледно е дека стравот, социјалната изолација и другите околности создадени од пандемијата ја совладуваат не само имунобиологијата на мнозинството граѓани, туку и психолошките одбранбени механизми на нивните личности, и со тоа создаваат простор за психијатриски комплексни регресивни процеси.

 

Докажано е дека соочувањето со овие прашања е многу тежок и сложен процес. Она што прво треба да се направи е да се изготви сеопфатна стратегија за решавање на приоритетните потреби на граѓаните. Во оваа смисла, треба да се преземат најитните чекори за воспоставување на стабилност и економска / финансиска перспектива на семејствата кои имаат потреба. Второ, треба да се исполнат сите услови и предуслови за здравствениот систем да дијагностицираат рани психосоматски состојби, кои ќе бидат генерирани од потисната и соматизирана вознемиреност, создадена од стресните хронични искуства во соочувањето со Ковид-19. Трето, се бара внимателно да се примени планот за акција при соочување со специфични проблеми со менталното здравје, вклучително и превенција, третман и рехабилитација на психопатолошките последици од соочувањето со Ковид -19. Во оваа смисла, треба да се посвети посебно внимание на квалитетно и навремено информирање на населението за раните предупредувања за психопатолошки нарушувања кои се манифестираат за време на пандемијата Ковид-19, со цел да се случи рана превенција на психосоматски и психијатриски нарушувања. Во меѓувреме, на индивидуално ниво, важно е пораката внимателно да стигне до граѓанинот дека, како многупати во историјата, така и овој пат, злото ќе биде поразено со единство и солидарност на целото човештво потпирајќи се на современите професионални научни достигнувања. Нема простор за страв и несигурност, моменталниот постојан стрес треба да се замени со позитивна семејна и социјална рутина и со наоѓање на среќни моменти со најмилите луѓе.

 

Проф. Асс. Д-р х.ц. Ферид Агани, невропсихијатар, професор на Универзитетот „Хасан Приштина“