Западен Балкан е недовршен регион на мирот и интеграциите во Европа, пред новите искушенија на руското воено цунами.

Д-р Среќко Ѓукиќ

Агресијата на Русија врз Украина, една од петте најодговорни членки на светската заедница, е извршена поради достигнување на сопствените цели на евро-атлантскиот простор. Суштинските последици од таа војна се чувствуваат уште денеска, и тешко дека што и да е ќе остане исто. Тоа не е „мала“, „обична“ војна, туку војна на „титанот“ со „остатокот“ од светот. Неговата разорна моќ потенцијално е неизмерна; тој предвидува ревизија од корен на односите на САД, НАТО, ЕУ со Русија и прашањето за рестартирање на меѓународниот поредок и опсегот на „вкупните“ санкции. Војната ги зби и обедини, а не обратно, западните редови и радикално ги менува погледите на иднината. Исклучително долгорочниот кризен капацитет на руската инвазија врз Украина за Европа станува неизбежен, како и за преку триесет години околу нас долгата агонија.

Западен Балкан е недовршен регион на мирот и интеграциите во Европа, пред новите искушенија на руското воено цунами. Тоа се гледа и се чувствува во секоја негова земја, особено кај оние кои воопшто не се интегрирани во евроатлантските структури. Другиот длабински балкански фронт со многу нишки е врзан за руските интереси и претставува значајна препрека за обединување со Европа. Голем број политички, економски, безбедносни, медиумски и други последици се во директна врска со недовршените процеси во нашиот регион. Мачни и бавни се движењата кон членство во ЕУ и НАТО, кон затворање на кризите на Косово и Метохија и во Босна и Херцеговина, делумно и во Црна Гора, или поради кратковидоста на бриселските влади, или поради природата на режимите на Западен Балкан (линија на помал отпор и одложување на решенијата). Постоечкиот вакуум силно го користеа неевропските сили, меката моќ на Русија, конзервативниот, антиевропскиот потенцијал и нивните природни сојузници на Западен Балкан. Политиката на Русија директно ја доведува во прашање Европската унија, ја совладува во нашиот јавен простор, за што сведочат политичките односи, медиумите, економско-трговските и инвестициските работи, воената соработка и вооружувањето и целосната зависност од нафта и гас. На јавноста со години софистицирано ѝ се сервираат источни алтернативи на ЕУ и НАТО, наместо избраниот надворешнополитички приоритет на Србија.

Сепак, дојде време за решение. Украинската криза покажа дека ѓаволот ја однел шегата и дека рускиот балкански фронт мора да се затвори. Деструктивниот потенцијал на нашиот регион се докажа. Ако некаде во Европа работите можат да излезат од контрола и ако руското влијание е некаде најдлабоко и најсестрано, тогаш тоа е на Западен Балкан, каде што се прелева во недовршените кризни точки. Ако работите некаде можат да излезат од контрола, со помош на проверени источни врски, тогаш тоа е тука.

Наследниците на политиката од деведесеттите и медиумски заробената јавност во нашиот регион, ја користат настанатата ситуација за реванш на нивните неуспешни политики, поврзани со украинска криза што се одигрува пред нас. Пред нас се гради „нов Берлински ѕид“, се крева нова „железна завеса“, а прашање е на која страна ќе се најдат Србија и Босна и Херцеговина?

Ако Западот, пропуштајќи години, денеска е решен да ги доведе работите до крај, но и во свој интерес, така и ќе биде. Ако регионот го почувствува тој чекор напред, ќе се премисли и ќе ги разгради антиевропските процеси, и ќе заврши со седењето на две столчиња.

 

Д-р Среќко Ѓукиќ, поранешен амбасадор, член на Форумот за меѓународни односи на ЕПУС