Се создава впечаток дека Отворен Балкан ќе служи како гето на ЕУ, кое секогаш ќе чека пред вратата на Унијата, но никогаш нема да биде целосно интегрирано во неа.

Сефер Селими

Кога премиерите Заев, Рама и Вучиќ ја најавија иницијативата денеска позната како Отворен Балкан, многу дилеми, нејаснотии и речиси силно отфрлање се појавија не само кај лидерите на другите три земји од Западен Балкан кои не се приклучија на иницијативата, туку и кај релевантниот политички и социјален фактор во рамките на државите-иницијатори. Отворениот Балкан како концепт изграден врз четирите фундаментални принципи на Европската унија за слободно движење на стоки, капитал, услуги и граѓани, во очите на противниците се чини утописки и неостварлив поради многу фактори, но пред сè, доминираат три фактори на страв:

  1. Страв дали Србија, која беше директно вклучена во Балканските војни, може да се врати на Балканот како држава без територијални амбиции кон соседите и како конструктивен партнер во градењето на заедничка иднина на мир и просперитет. Овој страв првенствено држи надвор од иницијативата три други држави: Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
  2. Стравот од „Голема Албанија“, користен како чудовиште од многу противници на Отворениот Балкан, кои во Еди Рама гледаат амбиција да го прошири своето влијание надвор од границите на Албанија и да го имплементира овој концепт кој сите релевантни етнички албански политичари го сметаат за анахрон. За нив, тој концепт има само една алтернатива – целосна интеграција на државите во кои живеат во евроатлантските структури.
  3. Стравот од замена на ЕУ – предизвикува загриженост дека оваа иницијатива може да се искористи како алтернатива за неа. Долготрајниот процес на интеграција поради корупцијата и неможноста на политичката класа да произведе суштински реформи кои целосно ќе ги трансформираат државите и општествата од Западен Балкан ја намалија надежта на граѓаните дека во блиска иднина нивната држава ќе биде полномошен член на ЕУ. Ако тука се додаде ќорсокакот во кој лидерите на ЕУ го турнаа овој процес, се создава впечаток дека Отворен Балкан ќе служи како гето на ЕУ, кое секогаш ќе чека пред вратата на Унијата, но никогаш нема да биде целосно интегрирано во неа. Ова бара јасност на процесот на интеграција, а таа јасност, за жал, ја држи во заложништво Бугарија, додека другите лидери се немоќни да ја гарантираат во моментов.

Има и многу други дилеми, од кои некои неоправдано се поставуваат како загриженост за оваа иницијатива, но секогаш треба да се има предвид дека таквите иницијативи секогаш ќе се спроведуваат, како што беше случајот со формирањето на Европската Унија, Шенген зоната, Еврозоната и слично. Посебно е разбирливо дека стравувањата од минатото во регион како што е Балканот, кој сè уште не го завршил целосно процесот на помирување и сè уште има инхерентно отворени прашања меѓу соседите, може да се претворат во прилично тежок фактор за унапредување на процесот.

 

Сефер Селими, извршен директор во Асоцијацијаta за демократски напредок – Democracy Lab