Не можам да го прифатам тој генерализиран модерен концепт со кој повеќето денеска ја водат масата кон некоја идеологија, тренд или култ со примарна цел да се воздигне „инфлуенсерот“, а не делото, или да се постигне корист за народот.

Рита Парашумти

Позитивното влијание или „инфлуенс“ доаѓа како феномен на вредност и ефективност за другите кога во секое дејствување на одреден човек, момент на неговото самобитие зрачи со она што го градел со години во себе низ времето, околностите и околината. Влијанието не е ниту реално ниту корисно кога намерно се обидуваме да „влијаеме“ на некого или на маса луѓе, така што не можам да го прифатам тој генерализиран модерен концепт со кој повеќето денеска ја водат масата кон некоја идеологија, тренд или култ со примарна цел да се воздигне „инфлуенсерот“, а не делото, или да се постигне корист за народот.

Во тој случај, велам дека никогаш нема да се наречам себеси инфлуенсер. Само другите кои сметаат дека позитивно им влијаела мојата личност и она што го размислувам, пренесувам и правам, можат да ме сметаат на тој начин.

Кога почнав да студирам медицина, како да запловив на отворен океан без мапа, упатства, компас или какви било други помагала. На овој начин, студиите ги надминаа границите на наставата и истражувањето на науката, добивајќи го на тој начин значењето на бесконечноста, каде животот во неговите многубројни форми беше обединет во една смисла – дека медицината е само форма / јазик на животот, со исто значење како и други науки и уметности. За време на патувањето, љубопитноста кон науката и уметноста да се биде „човек“ се зголеми и сфатив дека рамките на факултетот / студиите не се доволни за да ја разберам разновидноста на нашата комплексност, па затоа ги живеев моето тело и ум со сета моќ, можност и креативност.

Еден од аспектите на ова истражување беше почетокот на физичката активност и продлабочувањето во лавиринтите на мојот ум и душа.

Во текот на овие години бев предизвикана од многу надворешни и внатрешни фактори, чии амплитуди оставија траги врз мене како бранови, обликувајќи и зајакнувајќи ме, и покрај тоа што при секој предизвик се чинеше дека крајот на потрагата по решение и светлина никогаш нема да стигне – а стигна, со ослободувачко и инспиративно чувство да го задржам детето во себе толку мало, восхитено и љубопитно за животот.

Водена од оваа енергија, успеав да дизајнирам превентивен здравствен систем со филозофија дека никогаш не завршуваме да (се) создаваме и дека здравјето мора да се одржува во текот на животот, за да се бориме против поразот или затворот што го носат хроничните болести и разните здравствени проблеми кои речиси со гаранција доаѓаат со возраста.

Ritwells звучи како ритуали (на англиски) кои од ден на ден и точка по точка прават да се чувствуваме добро, нè обликуваат и нè водат кон целосна благосостојба која се состои од повеќе одошто физичкиот аспект. Физички влегуваме од нашата површина во себе, каде потоа се продлабочуваме во емотивните, духовните, менталните, социјалните, еколошките и финансиските аспекти кои нѐ градат и го сочинуваат прекрасниот и сложен лавиринт на нас самите.

Така, мојот ден и ритуали започнуваат со рано будење, работа со себе, со луѓето, постојано учење и исхрана насочена кон специфични цели – 80% бодибилдинг и сеопфатна исхрана, и 20% забава, а завршува со обрнување посебно внимание кон спиењето и, поважно од неговото траење – кон неговиот квалитет.

Сè што правиме мора да има цел, почнувајќи од најосновните и најпримитивните потреби, до оние најсофистицираните и еволутивните. Затоа, да се балансираме себеси е најтешка, вечна, секојдневна работа, но и најубавото и најкорисното нешто што можеме да го направиме со нашиот проект во животот, каде што сите се стремиме кон удобност, спокојство и среќа.

Кога се во прашање правилните активности, не треба да ги следиме во исчекување на еднократно искуство, напротив, можеме да ги живееме секој ден – кога ќе „дипломираме од себе“ и ќе научиме како да се сакаме, вежбаме, негуваме и исполнуваме себеси, а следствено и другите.

 

Рита Парашумти, доктор по медицина, консултант за благосостојба и ISSA мастер тренер специјализиран за сила, увежбување, фитнес и исхрана