Навистина, кој ни е ѓавол на нас Хрватите? Зошто од сите колективни вештини најмногу го имаме совладано кукањето?

Во јавниот простор се менуваат (некои) лица и гласови, но грижите и фрустрациите на обичните, нормални луѓе, со исклучок на некоја веселба, и понатаму се исти.

 

Копам така по компјутерот и ги гледам темите на кои сум зборувал во серијалот „Опкружување“ како уводничар и заклучничар – па човече, тие и понатаму се исто така актуелни, и темите, но и моите текстови. Би требало само да се променат некои реченици и временски формулации, а сѐ друго и понатаму стои исправено како карпа. Ниедна од тие десетина мои теми, нималку не изгубила од својата социјална релевантност, а истото ова се однесува и на темите на кои говореле и останатите колеги воведничари. Се менуваат во јавниот простор (некои) лица и гласови, но грижите и фрустрациите на обичните, нормални луѓе, со исклучок на некоја веселба, и понатаму се исти. Сепак, сѐ чини дека сите ние во опкружувањето, не ги доживуваме на ист начин.

Уште во 2005 година под покровителство на ОН се спроведе истражување за глобалниот индекс на среќа, со исти анкетни прашања во 156 земји од светот. Меѓу нив, секако беа и сите држави од нашето соседство, кои кога би ни се собрале сите резултати и би се поделиле на седум, не изгледаат толку лошо во просек, туку напротив константно се искачуваат на глобалната ранг листа на среќата: од 88 место ( случајно баш тоа) во 2005 година сме се качиле, така повторно обединети само за потребите на статистиката на 63 место.

Единственатра земја која во тој период покажува негативен раст, единствената која забележа вртоглав пад на оваа светска листа е – Хрватска: од 60 место во 2005 година, лани падна на 79 место место.

 

Навистина, кој ни е ѓавол на нас Хрватите? Зошто од сите колективни вештини најмногу го имаме совладано кукањето?  Пред десетина години мојот пријател Борис Дежуловиќ, прав Хрват, објави еден одличен текст со наслов „Зошто се Хрватите такви намќори?“. Текстот беше толку добар, што наскоро почна да се шири по интернетските беспаќа како непотпишана „форвардуша“. На сето тоа, за неколку години дури и еден универзитетски доцент го плагираше во некој свој „паранаучен“ труд, препишувајќи поединечни делови од збор до збор.

Ниту тогаш, ниту денес, ни Борнис ни кој било друг на Земјината топка, нема објаснување за таа мистериозна хрватска мрзливост. На секој нормален човек му е јасно дека многу нации би си го дале образот и би си ја продале душата да го имаат она што го имаат Хрватите и дека сигурно не би биле вакви намќори како моите сонародници и сограѓани. А ние, ете, и понатаму си тераме по свое, онака како што ни е најслатко веќе со векови наназад…

 

Во врска со тоа, постојат и два неспорни детали. Првиот е фактот дека меѓу најгласните заговорници за поголем национален оптимизам и поголемо задоволство од она што го имаме во Хрватска, бројчано најмногу предничат заговорниците, хм, како да го кажам тоа пристојно, па еве, на нешто пототалитарниот состав од стандардната европска демократија на 21.век. Не би се набројал баш оној кој меѓу учесниците на таканаречениот „Фестивал на слободата“ би барал вистински либерали или левичари. Меѓу огорчените противници на хигиенските маски, држањето на сигурна дистанца и миењето раце декларираните десничари се надмоќно побројни од останатите. А баш тие, ете, најгласно ја повикуваат целата нација да биде поведра и да ужива во животот. Ма немој!

 

И еден друг детал: Хрватска, според World Happiness Report – от  многу добро стоеше со индексот на среќа сѐ до 2012, кога почнува нагло да паѓа. За оние кои не се сеќаваат – тоа беше првата година во мандатот на Зоран Милановиќ. На тоа место тој наследи една жена. Индексот на среќа кај Хрватите почнува бавно, полека да се опоравува дури во 2016 година, кога на Милановиќ тој мандат му престанува. А оваа пак 2020 е прва година во неговиот мандат како претседател на Републиката. И повторно наследи една жена. Значи, очигледно е дека нам не ни беше доволна само короната.

И ајде сега биди помалку намќорест.