Доколку се повтори хидролошки обилната 2018 година, вишокот би достигнал дури 800 милиони kWh, но доколку се повтори сушната 2017 година, резултатот би бил дефицит од 350 милиони kWh. Разликата меѓу тие две сценарија денеска чини над 300 милиони евра!

Момир Шкопеља

Загриженоста поради претстојната зима се чувствува и во Црна Гора, но ни приближно како во Западна Европа, но и во одредени земји од регионот, кои се наоѓаат во значително потешка ситуација поради рускиот гас. Меѓутоа, тоа што Црна Гора не користи гас не е причина за потценување на енергетската криза.

Многумина во Црна Гора не ги сфаќаат сериозно бројките дека за само две години цената на лајпцишката ЕЕХ, најголемата европска енергетска берза, порасна од 20,26 €/MWh на 187 €/MW, со тенденција на понатамошен раст кон износи над 300 €. /MWh. Со драстично намалување на потрошувачката на комбинатот за алуминиум, вишокот на електрична енергија требаше да достигне околу 500 милиони kWh. Доколку се повтори хидролошки обилната 2018 година, вишокот би достигнал дури 800 милиони kWh, но доколку се повтори сушната 2017 година, резултатот би бил дефицит од 350 милиони kWh. Разликата меѓу тие две сценарија денеска чини над 300 милиони евра!

Кај нас, во Црна Гора, во последниве десетина години се забележливи напорите на Владата околу унапредувањето на енергетската ефикасност, пред сè преку носење прописи и инвестиции во јавните објекти, а многу помалку преку промена на навиките на населението. За жал, работите во Црна Гора не одат баш најдобро.

Една од тајните на успешноста на развиените земји е и штедењето секаде каде што тоа е возможно и оправдано. Затоа, штедењето на енергија е еден од принципите кој не само што е вграден во прописите, туку се спроведува и во пракдса, па со тек на време станал дел од секојдневната рутина. Се подразбира дека граѓаните ќе бидат совесни и економични. И нема да се однесуваат така само во кризни времиња, туку секогаш, затоа што се учени на тоа од мали нозе.

Поттикната од општата клима, но и од сопствените проблеми, државната компанија која управува со енергетскиот сектор – Електростопанство на Црна Гора, во септември преку тв-станиците и одредени интернет портали ги информира потрошувачите за основните начини на штедење енергија во домаќинството.

Притоа, никој не се сети дека Министерството за економија уште во 2019 година објави флаер со наслов „Совети за заштеда на енергија во домаќинството“, кој имаше значително повеќе содржина одошто актуелниот материјал на ЕСЦГ.

Бидејќи изостана реакцијата на државните органи, беше покренато и прашањето околу заштедата на енергија во јавниот сектор. Врз основа на налог од Владата, Националниот совет за анализа и следење на сигурноста околу снабдувањето со енергија подготви предлог со одредени препораки, а Владата ги усвои на телефонска (!!!) седница на 15 септември 2022 година. Доцна!

Паѓа в очи дека се работи само за препораки кои по својата природа не се обврзувачки. Ако Владата на домаќинствата може само да им препорача одреден модел на однесување, на претпријатијата во државна сопственост, на државните органи и установи сигурно може и нешто да им нареди. За жал, ништо од тоа.

Освен тоа, препораките се однесуваат само на електрична енергија, а не се опфатени останатите видови енергија (течни горива, дрво, јаглен). Пречи, секако, и фактот дека Програмата е усвоена на телефонска седница, што упатува на несоодветен однос кон ова прашање.

Се поставува и прашањето околу спроведувањето не само на наведените препораки, туку и на сите прописи од оваа област. Во Законот за ефикасно користење на енергијата уште од 2019 година е внесена обврската за именување инспектор за енергетска ефикасност. Дали е именуван? Погодивте – не е.

Познато е правилото кај нас дека прописите слабо се спроведуваат и кога постојат надлежни институции. Кога ниту нив ги нема, спроведувањето на прописите станува невозможна мисија.

Останува да гледаме во небото, да се надеваме дека есента ќе биде врнежлива и дека црногорските хидроелектрани ќе ги пополнат енергетските дупки кои зад себе ги оставаат надлежните институции.

 

Момир Шкопеља, основач на Агенцијата за енергетика, и како нејзин претставник учествувал во формирањето на Енергетската заедница на Југоисточна Европа и Здружението на медитерански енергетски регулатори