Во одреден момент проблемот со иселување на младите делумно го гледав во недоволната можност да се изреализираат, да патуваат поради нискиот животен стандард и приликите да се изложени на здрава еколошка и деловна околина во која се презема ризик и се цени уникатноста.

Игор Маџов

Не ги судам сите оние кои одлучуваат да се изреализираат  на личен и деловен план надвор од границите на нашата преубава Македонија затоа што нивната верзија за успешна приказна ја гледаат надвор и сакаат да овозможат поинаков живот за нив и нивните деца. Како Татко, Сопруг, Син, пријател, претприемач имав прилики да го креирам својот живот надвор од мојот прв круг на окружување но во изминатите 15 години секогаш сум заминувал со цел да се вратам и овозможам раст на иновацискиот и стартап екосистемот во земјава.

Ми беше јасно дека секое напуштање на мојата земја е неопходно за мојот развој и осознавање на светот. На свои 9 години некако ги натерав моиве да одам со ансамблот на Културно уметничкото Друштво -Карпош во Турција и оттогаш апетитот е се поголем со неброени семинари, конференции, реализирани  програми и усовршувања во Јапонија, Швајцарија, Шведска, Америка. Секоја прилика за патување ја гледав како начин да напредувам, да се поврзам и учам од успешните екосистеми и прилика да се вклучам во активности кои ќе имаат голем IMPACT на целото мое окружување.

Во одреден момент проблемот со иселување на младите делумно го гледав во недоволната можност да се изреализираат, да патуваат поради нискиот животен стандард и приликите да се изложени на здрава еколошка и деловна околина во која се презема ризик и се цени уникатноста. Во оваа промена која сите сакаме да ја видиме улогата на Државата е неоспорна со програми кои треба само да се акцелераторот на позитивните процеси и да не преставува кочница на напредокот и промена на начинот за размислување .  Од друга страна потребни се стекнување на работни навики многу порано и вклучување на младите во претприемништвото креативното размислување

Промената во начинот на размислување го гледам во поддршка на компании(startups) во земјава создадени од локални и интернационални млади професионалци и тим со голем диверзитет. Причините за создавање на Стартап Македонија во 2016 токму беше давање глас на една нова енергија во земјата и потребите на тие претприемачи да креираат позитивна промена преку своите бизниси. Сепак за тоа се потребни многу ресурси, знаење и време.  На прашањето Во кои Ресурси е потребно да се вложат за се забрза развојот и тоа што го планираме за 10 години да го направиме за 3” Одговорот е “вложување во луѓе”. Вложување во нивните креативни бизнис идеи во сферите во кои имаат уникатни познавања и предности. Доказ е и фактот дека 70% од стартапите во земјава успејаа позитивно да ја искористат кризата во време на Ковид-19.  Тука особено ја гледам во поддршката на ИКТ секторот и истражувањето кон поддршка на дигитализација на земјоделието (Foodtech, Canabistech), ИОТ, Финтек, енергетика и креирање на добро спакувани премиум продукти кои би излегле на регионалниот и глобалниот пазар.

Со целиот екосистем се трудиме да обезбедиме ресурси (човекови, финансиски и knowhow) за поддршка на деловните подвизи на ваквите амбициозни инспиративни основачи кои ќе креираат глобални приказни. Ваквите приказни ќе привлекуваат и интернационален талент и влијаат на ефектот на brain gain и инспирираат новите генерации на претприемачи кои ќе ги имаат ресурсите да креираат и влијаат позитивно.

 

Игор Маџов, Претприемач Инвеститор и Ко-основач на Стартап Македонија