Сите наши западни партнери го гледаат како приоритет членството на Црна Гора во ЕУ. Меѓутоа, ако владата не ги исполни тие обврски до крајот на овој, односно наредниот месец (јули), загрозена е шансата за добивање на конечни одредници. И еве нè, наместо во ЕУ, назад на Балкан, па макар бил и Отворен, во друштво на неуспешните ЕУ апликанти.

Златко Вујовиќ

Ретко која тема така страсно го привлекува вниманието на црногорската јавност, а за неа се знае толку малку, како што е Отворен Балкан. Изостануваат стручни расправи, бидејќи е тешко да се анализира нешто што не е дефинирано. Затоа и не е чудо што американскиот претставник Габриел Ескобар изјави на последниот самит на трочлениот западнобалкански сојуз дека им се потребни повеќе информации за него. Да не зборуваме за црногорските граѓани, од кои, според последното истражување на НВО ЦЕМИ, речиси половина не знаат што е Отворен Балкан.

Тешко е да не се забележи дека станува збор за иницијатива на три блокирани кандидатки за членство во ЕУ, кои или не почнале преговори (Македонија и Албанија) или преговорите им се блокирани (Србија), така што не зачудува резервата дека станува збор за иницијатива на „евроскептици“, односно обид за правење на алтернатива за ЕУ, бидејќи не може да се очекува поскоро членство на овие земји во ЕУ. Отворен Балкан (ОБ) едноставно е алтернатива за оние земји од Западен Балкан за кои не се очекува дека во наредните две децении можат да станат членки на Европската Унија, а можеби ниту тогаш. Затоа е потребно да се изгради одредена рамка која би поттикнала политичка и економска стабилност во тие земји, некаков вид на инструмент за ублажување на штетата од тоа што тие земји немаат блиска европска перспектива.

Она што интригира е зошто тројцата лидери покренаа иницијатива која се обидува да го поклопи Берлинскиот процес, ЦЕФТА, односно Пактот на стабилност. Дали оваа иницијатива носи нешто ново?

Основната концептуална разлика кога станува збор за отворањето на пазарот меѓу ЕУ и ОБ е дека ОБ претставува, поедноставено кажано, отворање на пазарот без ЕУ стандарди. Затоа охрабруваат последните пораки на германскиот канцелар Шолц, кој го ревитализира Берлинскиот процес и другите регионални иницијативи, видливо изоставувајќи го Отворен Балкан, со порака дека подготовките за ЕУ не одат со заобиколување на ЕУ стандардите. ОБ предвидува да се одложи  / избегне примената на ЕУ стандарди и поаѓа од статус кво, сите ја признаваат моменталната состојба.

Врз основа на усвоените спогодби на ОБ, проблемот околу ЕУ стандардите е највидлив преку примерот со фитосанитарните правила. Тоа е проблем за Црна Гора, која усвои преку 5000 ЕУ прописи од таа област и се обврза да ги применува ЕУ стандардите, но не и за Србија, Македонија и Албанија, кои сè уште не започнале преговори во оваа област. ОБ сега бара тие правила да не се применуваат на земјите потписнички на ОБ. Може да се очекува дека сличен пристап ќе се промовира и во другите области.

Да не се случеше трагедијата во Украина, Црна Гора ќе ја имаше истата европска перспектива како и останатите земји од Западен Балкан, што значи продолжување на повеќедецениското придружување во ЕУ. Ситуацијата се промени, Црна Гора има реална шанса во наредните 5-6 години да стане полноправна членка на Европската унија. Затоа, за Црна Гора не постои дилема помеѓу ЕУ и ОБ, бидејќи во моментов не постои ниту сомнеж дали може да се очекува брзо членство во ЕУ.

За првпат, членството во ЕУ зависи доминантно од нас, од домашните политички елити, од државните органи, од оние кои сочинуваат 3/5 од пратениците во парламентот. Сите наши западни партнери го гледаат како приоритет членството на Црна Гора во ЕУ. Меѓутоа, ако владата не ги исполни тие обврски до крајот на овој, односно наредниот месец (јули), загрозена е шансата за добивање на конечни одредници. И еве нè, наместо во ЕУ, назад на Балкан, па макар бил и Отворен, во друштво на неуспешните ЕУ апликанти.

 

Златко Вујовиќ е еден од основачите и претседател на НВО / тинк тенк Центарот за мониторинг