Денеска, кога зад себе имаме над 300 тунели за дезинфекција, какви што нема никој друг на Балканот, веруваме во поубаво утре. Секојдневно се молиме.

Данило Ѓуриќ

По просветлувањето што го доживеа, накратко се повлече во осаменост, барајќи ја смислата на животот. За среќа, брзо сфати дека со својата мудрост може да му помогне на својот напатен народ конечно да пронајде спас.

За многу луѓе денеска, сеќавањето на пандемијата „Ковид 19“ предизвикува горчливи спомени, држење дистанца, носење маски, карантин, оној доктор кој од телевизорот кажува што може и што не може, но и многу други страшни работи што му се случија на човештвото во тие години .

Но, како и во секоја навидум безизлезна ситуација, некои луѓе наоѓаат пат кој можеби не би успеале да го најдат, да не биле тие препреки во нивните животи.

Денеска, по дваесет години, ќе се осврнеме на еден настан што го смени животот на еден човек, а потоа и на повеќето негови следбеници.

Некогаш член на владејачката политичка партија во Косово, а денес Мудрецот од тунелот, како што го нарече народот, во ексклузивна изјава за нашите медиуми, тој се сети на таа пресвртница, која му го одреди животот засекогаш.

„Секој е пред некоја врата во одреден момент од животот, па така и јас тој ден, во тие тешки моменти за сите нас, бев пред вратата на тунелот за дезинфекција што ме осветли со асепсол и духот ми се прочисти.

Потоа одев секоја недела во тунелот за дезинфекција, а со текот на времето, почнаа да ми се придружуваат и другите членови на мојата партија.

Беше потребно многу време и жртва за да ја достигнеме оваа благосостојба што ја пружа тунелот. Но, денеска, кога зад себе имаме над 300 тунели за дезинфекција, какви што нема никој друг на Балканот, веруваме во поубаво утре. Секојдневно се молиме. Затоа сме сигурни дека за две, најмногу три години, еден човек ќе го поведе овој народ во нова иднина, каде што нема да има место за сите оние што размислуваа само за своите сметки на Маурициус. Јас би ги повикал сите граѓани што почесто да доаѓаат во тунелот за дезинфекција, за да можеме заедно да се молиме за добросостојбата на еден човек “, истакна за нашиот медиум Мудрецот од тунелот.

 

Данило Ѓуриќ, бегалец и повратник, живее во Осојан и создава рап музика. Досега зад себе има еден соло рап албум, „Marš na bini“. Во лето, можете да го најдете во градината и на Берим, а во текот на зимата, најчесто се наоѓа во студио зад микрофонот.