Листата на поддржувачи на „Операција ослободување“ е долга и таму може да се сретнат и аполитични но и поддржувачи на политичка опција. Целта ни е иста, барањата ни се исти и се од национална важност… Декрминализацијата и легализацијата на канабис.

Давор Попивода         Огнен Узуновски

 Деновиве Владата на РСМ донесе одлука за формирање работна група која ќе работи на измени на законот за опојни дроги и актуелното прашање за декриминализација и легализацијата на канабисот конечно по уредувањето на сите битни прашања би требало да биде ставено на гласање во сообрание.

Иницијативата е поднесена преку движењето „Операција ослободување“ чија основна цел е да се декриминализара поседувањето и одгледувањето на канабис за лична употреба, а потоа и да се донесе потполна легализација на одгледувањето, продажбата и консумирањето на канабис, преку прецизно утврдена законска рамка. Основата на „Операција Ослободување“ е невладината ЗНАМ ( Зелена национална агенда на Македонија) формирана во мај 2017 година, а поддршката ја црпиме од илјадници луѓе од сите социјални слоеви и сфери како и невладини организации и други здруженија на граѓани.

Императив ни е зголемувањето на бројот на здравствени состојби за кои може да се користат препарати од канабис согласно медицината базирана на докази, лекарстава на база на канабис да може да ги препишуваат не само лекарите од јавното туку и од приватното здравство но и можноста за личен избор – пациентот на кого му е препишана терапија со канабис да може самиот да одгледува и користи канабис во форма каква што нему му одговара. Бараме и да се дозволи отварање на т.н. „Социјални клубови“ каде канабисот легално би се продавал и консумирал, претставници од невладиниот сектор да бидат влучени во Агенцијата за Канабис, формирање на посебен фонд -со легалната продажба на канабис ќе се генерираат високи суми кои ќе влезат во Буџетот,  а дел од данокот кој ќе се генерира во Буџетот од продажбата на канабис да се пренамени, во тој Фонд, за помагање во лекување на ретките болести како и за маргинилизираните групи.

Со декриминализација секој би можел да поседува и да одгледува за лична употреба а со легализација и да може да купи доколку одлучил дека не сака да одгледува или пак не е во можност.  Тоа е процес кој ќе бара многу дебата и експертизи. Има повеќе примери во светот како би можело да се уреди. Тоа се позитивни искуства кои треба да се простудираат. Никако да се препишат или применат. Секоја држава е посебна. Претставници од власта и опозицијата, невладиниот сектор, експерти од здравството и правото. Тие се клучните во изготвувањето на прецизна законска рамка која ќе се применува и преку која ќе се спроведе процесот на декриминализација и легализација.

Со регулирање на овие прашања убедени сме  дека ќе се отворат стотици ако не и илјадници работни места и ќе се генерира пристојна сума во Буџетот и во Фондот, ќе се отвори можност за просперитет на мали и средни претпријатиа а со тоа и на државата. Македонија ќе биде на туристичката мапа, без сомневање. А тоа е профит за повеќе сектори и индустрии. Трето и клучно е што со ова би се нанел сериозен удар на криминалните кланови кои заработуваат милиони евра годишно од нелегалната продажба на канабис, пари кои потоа ги користат за мито и корупција како на полицијата, судството и државните институтиции така и на локално ниво.

Листата на поддржувачи на „Операција ослободување“ е долга и таму може да се сретнат и аполитични но и поддржувачи на политичка опција. Целта ни е иста, барањата ни се исти и се од национална важност… Декрминализацијата и легализацијата се тоа што и е потребно на Македонија!

Давор Попивода – адвокат  и  Огнен Узуновскиод Здружение ЗНАМ